
Фиорентина веќе во полуфинале, Андерлехт со два предност оди во Холандија (ВИДЕО)
Лех имаше сила против „виолетовите“ само за да израмни еднаш во мечот, откако Кабрал по четири минути донесе водство, а Велде израмни во 20-та, по што Нико Гонзалез четири минути пред полувремето донесе второ водство, а пресуди средината на вториот дел. Фиорентина за пет минути додаде уште два гола во периодото од 58 до 63-та минута преку Бонавентура и Иконе за да ја завери убедливата победа, а со тоа да го направи само формален реваншот.
Андерлехт даде по еден гол во двете полувремиња и го победи АЗ Алкмар за да направи чекор поблизу до полуфинале, а Муриљо во 22-та и Ашамеду во 70 погодија за триумфот, па Холанѓаните сега ќе имаат тешка задача за да ја надополнат негативата.
Базел и Ница ремизираа 2-2, со што францускиот тим сега ќе има предност од домашен терен за да визира полуфинале, а претходно денеска Вест Хем одигра 1-1 со Гент и дома „чеканите“ ќе имаат шанса за пласман меѓу најдобрите четири.
