Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Финиш на кампањата: Партиите ги користат последните часови за митинзи и средби со граѓани, на полноќ почнува изборен молк
Македонија

Финиш на кампањата: Партиите ги користат последните часови за митинзи и средби со граѓани, на полноќ почнува изборен молк

17/10/2025

AA

Денеска е последниот ден од изборната кампања пред првиот круг од локалните избори, закажан за в недела, 19 октомври. Политичките партии, коалициите и независните кандидати го користат денешниот ден за финални митинзи и прес-конференции, по што ноќеска на полноќ стапува на сила 24-часовниот изборен молк, кој ќе трае сè до затворањето на гласачките места.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе одржат завршен централен митинг во Охрид, додека нивниот кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, за денеска најави прес-конференција.

Опозициската СДСМ и коалицијата ќе бидат активни во повеќе општини, со средби со граѓани во Старо Нагоричане, Ранковце, Крива Паланка, Кратово и Куманово.

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија својот завршен митинг ќе го одржи во Куманово, каде што за градоначалник се кандидира лидерот на партијата, Максим Димитриевски.

Партијата Левица за денеска планира низа активности во главниот град. Нивниот кандидат за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ, ќе пешачи од Ѓорче Петров до Ново Лисиче во рамки на настанот „Скопје пешки“, а ќе одржи и прес-конференција на Плоштадот „Слобода“. Левица ќе организира и изложба насловена „Скопје какво беше – какво е – какво треба да биде“.

Иако кампањата официјално завршува вечерва, за утре (сабота), во тек на изборниот молк, свои прес-конференции најавија независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Горан Марковски, и независната кандидатка за општина Центар, Билјана Ивановска, и двајцата поддржани од граѓанската платформа „Независни заедно“.

Кампањата за вториот изборен круг ќе започне в понеделник, 20 октомври, во оние општини каде што нема да биде избран градоначалник во првиот круг.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy