
Финансиската полиција уапси седум лица во големата акција – продавале нафта во кеш, а потоа парите ги пријавувале како дневен промет преку фиктивни фактури
Седум лица се приведени во рамки на акцијата на Управата за финансиска полиција, кои се сомничат за злосторничко здружување, даночно затајување, измама и перење пари, дознава Телма. Вкупно во истрагата се опфатени 13 лица и 10 компании.
Според информациите, осомничените продавале нафта во кеш, а потоа парите ги пријавувале како дневен промет преку фиктивни фактури и при тоа барале поврат на ДДВ. Проценетата штета од овие криминални активности изнесува околу 7 милиони евра.
Акцијата била реализирана на осум локации во Липково, Куманово, Желино и Никуштак, во координација со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.