Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Притвор за лицето кое синоќа нападна два играчи на „Беласица“ на фудбалскиот натпревар во Штип
Македонија

Притвор за лицето кое синоќа нападна два играчи на „Беласица“ на фудбалскиот натпревар во Штип

25/08/2025

AA

Основното јавно обвинителство Штип денеска поведе итна постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 4 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот извршил грубо насилство на 24 август на стадионот „Бело Брдо“ во Штип, за време на фудбалски натпревар меѓу младинските екипи на фудбалските клубови „Брегалница“ и „Шкупи“. Со дејствијата тој ја загрозил сигурноста на две деца родени 2010 година, играчи за тимот на „Беласица“, нанесувајќи им телесни повреди. Освен тоа, кај оштетените, останатата присутна публика и во јавноста предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Настанот се случил во 89-тата минута од натпреварот, која судијата поради прекршок (фаул) доделил втор жолт картон со што го исклучил од игра синот на осомничениот, кој играл за „Шкупи“. Незадоволен од одлуката, најпрво синот се однесувал неспортски и со тупаници и со удар со нога се обидел да се пресмета со еден од фудбалерите на „Брегалница“. Тогаш на теренот влегол таткото и со тупаници и клоци започнал да ги удира двете деца, нанесувајќи им телесни повреди – повеќе набиеници и скршеница на нос без дислокација. На игралиштето влегле и други лица од публиката, кои спречиле натамошна ескалација на настанот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот, имајќи го предвид видот и сериозноста на кривичното дело против јавниот ред, опасноста од бегство на осомничениот и можноста за повторување на делото.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ветерот во Скопје достигнал до 90 километри на час, деветти

21/07/2026
Македонија

Силни врнежи и грмежи во повеќе места – УХМР со

21/07/2026
Македонија

ФОТО Се сруши 60 метарскиот јарбол со македонското знаме кај

21/07/2026
Македонија

ФОТО Силното невреме го оштети и базенот „Борис Трајковски“: Откорнат

21/07/2026
Македонија

Тошковски: Не сум дома со семејството, туку со гостиварчани –

21/07/2026
Македонија

ФОТО+ВИДЕО Силно невреме во Скопје, летна покрив од зграда во

21/07/2026
Македонија

Клековски: Регистрирани уште 293 нови случаи, мерките почнуваат да даваат

21/07/2026
Македонија

Тошковски: Граѓаните во Гостивар ќе ја користат водата дури кога

21/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44529
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ветерот во Скопје достигнал до 90 километри на час, деветти степен според Бофоровата скала

21/07/2026

Силно невреме проследено со олуен ветер, пороен дожд и грмежи попладнево го зафати Скопје. Според ексклузивните податоци од мерната станица

Силни врнежи и грмежи во повеќе места – УХМР со информација за движењето на невремето

21/07/2026

Нестабилна временска состојба ја зафати Македонија, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Според последните информации, невреме проследено со пороен

ФОТО Се сруши 60 метарскиот јарбол со македонското знаме кај Ист Гејт

21/07/2026

Големиот 60-метарски јарбол на кој беше истакнато државното знаме на Македонија, лоциран на кружниот тек кај трговскиот центар „Ист Гејт“

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy