Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Финансиска со кривична пријава за градоначалникот на Росоман, Стојан Николов!
Македонија

Финансиска со кривична пријава за градоначалникот на Росоман, Стојан Николов!

10/06/2025

AA

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Н во својство на Градоначалник на Општина Росоман.

  Пријавениот С. Н во својство на Градоначалник на Општина Росоман, во текот на 2022 и 2023 година постапил спротивно на Закон за градење чл. 58 став 2 (Службен весник на РМ бр. 130/09, 124/10, 18/11, 36/11, 54/11, 13/12, 144/12, 25/13, 79/13, 138/13, 163/13, 27/14. 28/14, 42/14, 154/14, 194/14, 187/14, 44/15, 129/15, 217/15, 226/15, 30/16, 31/16, 39/16, 71/16, 132/16 и 35/18), а во врска со член 205 став 1 и чл. 209 од Закон за општа управна постапка  (Службен весник на РМ бр. 38/05, 110/08, 124/15 и 65/18) на начин што изготвил 6 лажни јавни исправи, од кои 4 одобренија за градење и 2 одобренија за реконструкција на улици, истите во текот на 2022 и 2023 година ги употребил како вистински во правниот промет, а при тоа иако бил должен не ги водел во јавната евиденција, односно, во информацискиот систем „е-Одобрение за градење“, на кој начин за период од 2022 до 2024 година искористени се  парични средства во износ од 14.023.318 денари обезбедени од страна на Центар за развој на Вардарски плански регион – Биро за регионален развој, парични средства во износ од 6.740.517 денари обезбедени од страна на општина Росоман и парични средства во износ од 15.134.066 денари обезбедени од страна на Министерство за транспорт, на кој начин спротивно на законските прописи за период од 2022 до 2024 година со изготвување на 6 лажни јавни исправи, одобренија за градење и реконструкции на штета на буџетот на општина Росоман, Центар за развој на Вардарски плански регион – Биро за регионален развој и Министерство за транспорт противзаконски искористени се парични средства во вкупен износ од 35.897.901 денари со што пријавениот го сторил кривичното дело ФАСЛИФИКУВАЊЕ ИСПРАВА чл. 378 став 1 и 3, а во врска со член 45 од КЗ на РСМ.

 Исто така, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист пријавениот С. Н. во својство на градоначалник на општина Росоман од  08.11.2021  година, ги надминал предвидените износи во Буџетот на општина за трошоци за репрезентација донесени од страна на Совет на општина Росоман во текот на 2021 година за износ од  184.744 денари, за 2022 година за износ од 800.348 денари, за 2023 година за износ од 821.821 денари и за 2024 година за износ од 310.662 денари, ги надминал и ненаменски искористил дел од предвидените износи во Буџетот на општина за трошоци за горива и масла (моторни возила) донесени од страна на Совет на општина Росоман во текот на 2022 година за износ од 159.351 денари, за 2023 година за износ од 44.102 денари потпишувајќи и овозможувајќи од сметката на општина Росоман да се исплатат парични средства за нафтени деривати за возила кои не се во сопственост на општината, ги надминал и ненаменски искористил дел од предвидените износи во Буџетот на општина за трошоци за прехранбени производи и пијалаци донесени од страна на Совет на општина Росоман во текот на 2021 година за износ од 40.188 денари, за 2022 година за износ од 135.440 денари и за 2023 година за износ од 66.920 денари набавувајќи производи кои не се за потребите на општината, односно, купени биле повеќе видови на млечни и сувомеснати производи, поголеми количини на алкохолни пијалаци, и друг вид на производи кои по својата природа се наменети за домашна потрошувачка кошничка, неосновано склучил договори за вршење на определени работи од областа на управување со градежно земјиште во сопственост на РСМ со лица вработени во Општина Кавадарци за 2023 година на износ од 242.000 денари, на кој начин пријавениот злоупотребувајќи ја службената положба и овластување пријавениот причинил штета на буџетот на општина Росоман за 2021 година износ од 226.811 денари, за 2022 година износ од 1.081.059 денари, за 2023 година износ од 1.183.597 денари и за 2024 година износ од 384.862 денари, односно, за период од месец ноември 2021 година до месец септември 2024 година пријавениот причинил штета на буџетот на општина Росоман вкупен износ од 2.876.329 денари, со што пријавениот го сторил кривичното дело ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ПОЛОЖБА И ОВЛАСТУВАЊЕ од член 353 став 1 и став 4 од КЗ на РСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy