Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Во вторник 99%“: Стоилковиќ најави разрешување на директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците
Македонија

„Во вторник 99%“: Стоилковиќ најави разрешување на директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците

10/06/2025

AA

Министерот за Односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, синоќа во емисијата „На кавга со Иван“ најави дека на наредната владина седница ќе биде покрената иницијатива за разрешување на директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи.

„Во вторник, на идната седница сигурно ќе биде разрешен, па 99%“, изјави Стоилковиќ. На прашањето од водителот дали ќе поднесе оставка доколку тоа не се случи, министерот одговори:

„Зошто јас да поднесам оставка? Јас имам концесија да поднесам иницијатива до Владата за веднаш да биде сменет. Ќе пуштам и информации за разрешувањето – не само за ова, туку и за нешто друго.“

Министерот откри дека бил мета на јавни напади поради ситуацијата со веб-страницата на Министерството која, според него, била достапна само на албански јазик.

„Не е во ред. Јас истрпев салва напади врз мене, а не знаев што се случува. Сајтот бил само на албански, па нели треба еден-два дена да се сруши за да се смени? Јас одговарам за своите постапки, но за нешта што се надвор од моја надлежност – ќе покренувам иницијативи“, рече Стоилковиќ.

Оваа најава доаѓа по инцидентот кога директорот на Инспекторатот одби да се обрати на македонски јазик пред новинарите, упатувајќи ги наместо тоа да чекаат писмено соопштение.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

1621 сообраќаен прекршок за три дена, 43 лица приведени

27/08/2026
Македонија

Се мие и дезинфицира просторот околу контејнерите низ Скопје

27/08/2026
Македонија

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак

26/08/2026
Македонија

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен,

26/08/2026
Македонија

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026
Македонија

Нови правила на скопскиот аеродром: Пред терминалот ќе можете да

26/08/2026
Македонија

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во

26/08/2026
Македонија

Пронајдено тело на 83-годишен скопјанец во реката Вардар

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45278
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

1621 сообраќаен прекршок за три дена, 43 лица приведени

27/08/2026

Во текот на изминатите три дена (24/25/26.08.2026) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите

Се мие и дезинфицира просторот околу контејнерите низ Скопје

27/08/2026

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје продолжува со секојдневно одржување на хигиената околу садовите за одлагање комунален отпад, при што екипите рачно ги

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак работат во сивата економија

26/08/2026

Над 90 илјади работоспособни граѓани во Северна Македонија се водат како невработени. Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy