Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Финансиска помош од државата во висина од 23 милиони евра за над 410 компании, АД Европа вложи во нова опрема
Економија

Финансиска помош од државата во висина од 23 милиони евра за над 410 компании, АД Европа вложи во нова опрема

22/06/2023

AA

Нова опрема за производство на производи од какао, чоколади набавила кондиторската компанија „Европа“ со финансиската поддршка што ја добила од Владата во 2019 година. Ова беше повод компанијата да ја посетат првите луѓе во државата, при што беше истакнато дека АД „Европа“ е корисник и на нова државна финансиска поддршка. 

„Многу е убаво кога ќе се види напредокот на компанијата во којашто сме денеска, АД „Европа“ Скопје, којашто е наш домашен, а во исто време и европски и светски бренд за чоколади, вафли, бонбони.

Развојот на компанијата покажува дека треба да се има јасна идеја, визија, план, стручни работници, добар менаџмент и посветено да се работи и секогаш ќе има резултати. И дека успехот е можен во стабилна држава, којашто се грижи за опстанокот и развојот на домашните компании. Кога во светот се затвораат фирми, чоколадната индустрија АД „Европа“ егзистира успешно и обезбедува плата за 500-тини вработени кои тука работат“, рече премиерот Димитар Ковачевски, кој заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи беа во посета на фабриката која опстојува на пазарот 140 години.

Компанијата во време на пандемијата, со државна поддршка, како корисник на мерката на Владата за справување со КОВИД-19 кризата, набавила нова опрема за производство на производи од какао, чоколади. Во 2019 година, согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите, АД „Европа“, за инвестициски проект е корисник на нова државна финансиска поддршка. Вкупната исплатена државна помош кон компанијата по овој основ е 165 илјади евра (10.000.000 денари). А во овој момент компанијата користи државна финансиска поддршка од над 66.000 евра, по овој основ.

„Со цел да ги поддржиме и домашните, покрај странските инвестиции, во 2018 година го инициравме Законот за финансиска поддршка на инвестициите, којшто беше усвоен и во Собранието. Само лани, по основ на овој закон, државата обезбеди 23 милиони евра директна финансиска помош за над 410 компании, што е најголема државна поддршка за домашни компании досега, од осамостојувањето на државата“, посочи премиерот Ковачевски, а меѓу другото нагласи дека лани имало историски рекорден износ и на странски директни инвестиции во земјата во висина од 753,8 милиони евра.

Заменикот на претседателот на Владата, Битиќи, рече дека „преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите се создава доверба кај компаниите.

„Ова е особено важно за АД „Европа“ која извезува на странските пазари во 26 земји на различни континенти, со што ја зајакнува нејзината конкурентност на пазарот, преку воведување на нови производи.

Преку овој пристап, Владата обезбедува поддршка за локаните компании за нивно интегрирање во глобалните вредносни синџири. Компаниите како „Европа“ се наш локален производ и квалитет, кои извезуваат на светските пазари и ќе продолжат да се развиваат со партнерска поддршка на Владата“, рече вицепремиерот Битиќи.

Генералната директорка на АД „Европа“ Скопје, Марика Караџова рече дека компанијата ги надминува предизвиците, по принципот да се инвестира, наместо да се штеди, што го практикуваат во изминатите неколку години инвестирајќи во нови производни линии и автоматизација на процесите, инвестирање во обновливи извори на енергија и слично.

„Поддршката од Владата многу ни значи, благодарение на потпишаните Договори за финансиска поддршка со субвенциите од Владата успеавме да го одржиме нашиот бизнис. Како компанија сме горди бидејќи ги задржавме сите наши купувачи, а уште повеќе охрабрува веста дека оваа година започнавме соработка со три нови купувачи од странство,  што е доказ дека се движиме во правилна насока“, рече директорката Караџова.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45856
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и водоснабдување до дигитални услуги

28/09/2026

На вечерашниот митинг во Општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори, под слоганот „Една Брвеница за сите! Да ја

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема температурна разлика низ земјава

28/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во поголемиот дел од земјава, а во југоисточните делови ќе има услови

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели дека тие се само за

28/09/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва на митингот на партијата во Брвеница ја обвини СДСМ дека се противи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy