Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Finance Talks by EOS“ : Иновации во финансиските услуги и дигитална трансформација на институциите
Македонија

„Finance Talks by EOS“ : Иновации во финансиските услуги и дигитална трансформација на институциите

05/12/2025

AA

Водечки експерти од финансискиот и ИТ-секторот, ќе бидат говорници на годинешнава конференција „Finance Talks by EOS“, што ќе се одржи на 10 декември во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

На овој престижен настан, организиран од EOS Матрих Македонија, ќе се дискутира за најактуелните трендови и предизвици што ја обликуваат иднината на финансискиот сектор, а во центарот на дебатите ќе бидат иновациите во финансиските услуги, дигиталната трансформација на институциите, како и примената на напредните технологии. Годинешната конференција е насловена како „Иновации и дигитална трансформација – предизвици во планирањето на долгорочен раст и одржливост на финансиските услуги“, отворајќи една од најрелевантните теми за современиот финансиски сектор.

Настанот ќе го води д-р Катерина Бошевска, извршна директорка на EOS Матрих за Македонија и Косово. На панелот ќе учествуваат Евангелија Калуптси, генерална директорка за трансформација и стратегија и член на Управен одбор на Стопанска банка АД Скопје, Александар Џорџевиќ, член на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, Дане Крстевски, директор за информатичка технологија во Народна банка на Р.С. Македонија, и Владо Митев, главен извршен директор на ИТ/софтверската компанија IWConnect, кои ќе имаат интересни дискусии за тоа како модерните технологии, новите деловни модели и променетите очекувања на корисниците влијаат врз развојот на финансиските услуги.

Практично, годинешнава платформа „Finance Talks by EOS“ ќе ги отвори клучните теми во финансискиот свет поврзани со иновациите, автоматизацијата, примената на вештачката интелигенција и развојот на нови услуги, а одговорите ќе се обидат да ги дадат носителите на најважните процеси во финансиската индустрија, како што се банкарството, регулативата, како и технолошките компании кои ја забрзуваат дигиталната трансформација.

Како членка на меѓународната EOS Групација, која работи во повеќе од 25 земји во светот со над 6.000 професионалци, EOS Matrix Македонија и натаму ќе биде посветена на својата долгорочна определба за унапредување на финансиската писменост, како и градење на стабилен, модерен и одржлив финансиски систем во земјава. Токму EOS MATRIX  Македонија е лидер во примената на дигитални алатки за унапредување на финансиското работење, како што е MyEOS платформата, како дигитално решение кое овозможува лесен, сигурен и персонализиран пристап на клиентот до неговите финансиски обврски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
Македонија

СЕДМИЦАТА ЌЕ БИДЕ СВЕЖА, ЌЕ ПОЧНЕ СО ДОЖДОВИ Ветрот локално

20/09/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ АГИНО СЕЛО, ДВАЈЦА ЗАГИНАА ВО НЕСРЕЌА Возач на

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45692
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина во Словенија, момчето е тешко

20/09/2026

Седумгодишно момче тешко се повредило откако паднало во кањон кај водопадот Савица во Бохињ, а неговиот 44-годишен татко, откако ги

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет за две години работа во

20/09/2026

Две години работа, две години резултати, една љубов – Македонија. Со ова мото Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy