Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филков до Европски фронт: Трагично е што дискусијата ја сведувате на пари вложени во судството а не направивте ништо додека бевте на власт
Македонија

Филков до Европски фронт: Трагично е што дискусијата ја сведувате на пари вложени во судството а не направивте ништо додека бевте на власт

27/11/2025

AA

Министерот за правда Игор Филков, говорејќи за Извештајот на Европската комисија за напредокот на државата, на пратеничко прашање од Дијана Тоска од Европски фронт, изјави дека Министерството за правда во изминатите месеци подготвило повеќе од 20 закони.

„Пред да се навратиме на прашањето, би сакал да потсетам дека реформскиот процес е нешто што претходната влада го прифати без да дискутира за роковите во последната година од мандатот. Знаеле, или мислеле, дека по изборите никој нема да успее за кратко време да ги донесе сите суштински реформи и да ја придвижи државата напред,“ рече Филков.

Тој нагласи дека Законот за судски совет веќе ја поминал владината процедура, а во постапка се и:

Законот за платите на судиите

Законот за платите на јавните обвинители

Законот за платите на членовите на Судскиот совет

Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители

Законот за судска служба

Законот за јавнообвинителска служба

Филков посочи и дека во финална фаза се подготовките на: Законот за јавно обвинителство, Законот за Советот на јавни обвинители, Кривичниот законик, Законот за кривична постапка, Законот за судски буџет, Законот за судови и Законот за Академијата за судии и јавни обвинители.

„Бидејќи наследивме хаос, овие не беа единствените закони што требаше да ги адресираме. Министерството за правда, низ отворен и транспарентен процес, работеше и на следните закони“, додаде Филков.

Во владина процедура се и: Законот за спречување на корупција и судир на интереси, Законот за заштитено пријавување и заштита на укажувачи, Законот за парнична постапка, Законот за вештачење, Законот за процена и Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Во финална подготовка се: Законот за заштита на лични податоци, Законот за пробација, Законот за извршување на санкции, Законот за помилување и Законот за здруженија и фондации.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ ВО ЖИВО: „СВОИ НА СВОЕТО!“ Свечена академија за 23

23/10/2026
Македонија

СОЛУН ЌЕ БИДЕ НАШ И ОВОЈ ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД Колони на

23/10/2026
Македонија

ШЕСТМИНА ЛУЃЕ, ЕДНА КУЌА И ИДЕЈА ШТО ЈА НАДЖИВЕА ИМПЕРИЈАТА

23/10/2026
Македонија

23 ОКТОМВРИ – ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА Македонија го

23/10/2026
Македонија

„НЕ МОЖЕМЕ ДА ЈА ЧЕСТВУВАМЕ ДРЖАВНОСТА, А ДА ЈА ЗАБОРАВИМЕ

23/10/2026
Македонија

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Во вториот

22/10/2026
Македонија

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Гласачите да

22/10/2026
Македонија

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА МУ ПОРАЧА НА ФИЛИПЧЕ ДЕКА Е ВРЕМЕ ДА

22/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46331
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ ВО ЖИВО: „СВОИ НА СВОЕТО!“ Свечена академија за 23 Октомври во МНТ

23/10/2026

Во Македонскиот народен театар се одржува свечена академија по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, под мотото

СОЛУН ЌЕ БИДЕ НАШ И ОВОЈ ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД Колони на Богородица, се чека до 40

23/10/2026

Продолжениот викенд повторно ги насочи македонските граѓани кон Грција, а првиот знак за тоа се зголемените колони возила на граничниот

ШЕСТМИНА ЛУЃЕ, ЕДНА КУЌА И ИДЕЈА ШТО ЈА НАДЖИВЕА ИМПЕРИЈАТА Како започна македонската револуционерна борба

23/10/2026

Пред 133 години, во Солун, далеку од институциите на една сопствена држава и во време кога Османлиската Империја сè уште

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy