Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филков бара образложение на одлуката за куќен притвор за Артан Груби
Македонија

Филков бара образложение на одлуката за куќен притвор за Артан Груби

24/02/2026

AA

Министерството за правда ќе побара детално образложение за одлуката со која мерката притвор е заменета со куќен притвор во предмет поврзан со истрага за проневера тешка над осум милиони евра.

На прес-конференција, министерот за правда Игор Филков порача дека институцијата нема да остане пасивна кога, како што рече, се отвораат сериозни дилеми што ја нарушуваат довербата на граѓаните во правниот систем.

Тој нагласи дека досега се воздржувал од коментирање конкретни судски и обвинителски одлуки, почитувајќи го принципот на поделба на власта, но оцени дека во овој случај јавноста има право на појаснување.

Според него, станува збор за лице кое 14 месеци било недостапно за органите на прогонот, иако претходно бил утврден ризик од бегство – ризик што, како што посочи, се реализирал. Министерот праша врз основа на кои конкретни факти и правни аргументи е донесена одлуката за поблага мерка.

Филков јавно ги повика надлежните актери да дадат транспарентно образложение:

– јавниот обвинител Даниел Коцев да појасни врз кои аргументи е дадено позитивно мислење за замена на притворот;

– раководителот на обвинителството Анел Фидоски да се произнесе дали стои зад одлуката и дали таа испраќа порака за еднаква примена на законот;

– судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје Марин Станевски да објасни кои околности го надминале претходно утврдениот ризик од бегство.

Министерот информираше дека побарал дополнителни информации и за условите во притворските установи, како и дека ќе биде спроведен вонреден надзор во казнено-поправните установи со цел да се утврди безбедносната состојба.

„Залудно носиме закони ако не се спроведуваат. Залудно зборуваме за реформи ако практиката ја руши довербата. Ова не е прашање на политика, туку на принцип“, истакна Филков.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се обидел да ги убие синот и малолетната ќерка, па

24/02/2026
Македонија

КУЌНИОТ ПРИТВОР ЗА ГРУБИ Е НЕВИДЕН ПРЕСЕДАН Сериозна држава не

24/02/2026
Македонија

Комисијата го одби предлогот за минимална плата од 600 евра

24/02/2026
Македонија

Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата

24/02/2026
Македонија

На овие компании им се одземени лиценците за одгледување канабис!

24/02/2026
Македонија

НАПАДНАТА ВРАБОТЕНА ВО МАТИЧНО Жена приведена по инцидент во Битола

24/02/2026
Македонија

За еден ден приведени 15 возачи низ државата

24/02/2026
Македонија

Претрпел физички болки и страв – селанец од кичевско доби

24/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41866
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се обидел да ги убие синот и малолетната ќерка, па кршел во полициската станица и

24/02/2026

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство” во

КУЌНИОТ ПРИТВОР ЗА ГРУБИ Е НЕВИДЕН ПРЕСЕДАН Сериозна држава не смее да го дозволи, вели

24/02/2026

Невиден преседан е определувањето на мерката куќен притвор за поранешниот вицепремиер Артан Груби, смета лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски кој

Комисијата го одби предлогот за минимална плата од 600 евра

24/02/2026

Предлог-измените на Законот за минималната плата, со кои се бараше таа да изнесува 36.960 денари (600 евра) во периодот од

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy