Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче: Зошто власта купува скапа струја за 140 евра наместо да произведува за 85 евра?
Македонија

Филипче: Зошто власта купува скапа струја за 140 евра наместо да произведува за 85 евра?

29/11/2025

AA

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, постави јасно и директно прашање до власта: Зошто купува скапа струја по 140 евра по мегават час, кога државата може да ја произведе за 80–90 евра?

„Производството на еден мегават час во ЕСМ чини 85 евра. А тие купуваат струја за 140 евра. Тоа значи криминал, неспособност или и двете заедно“, изјави Филипче.

Поради оваа разлика, како што рече тој, државата потрошила 62 милиони евра народни пари, пари кои можеле да останат во буџетот или да бидат инвестирани во нови капацитети.

„62 милиони евра отидоа за покривање на нечија неспособност. Тоа е срамно и неодговорно“, рече претседателот на СДСМ.

Филипче нагласи дека владата намерно ги оставила домашните капацитети да не работат, со што ја зголемила зависноста од увоз, а со тоа и цената на струјата.

„Кога не работи домашното производство  некој профитира. Кој профитира? Тоа прашање мора да добие одговор“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ додаде дека ваквиот модел води до сигурен раст на цената на струјата, нови ценовни шокови и дополнително осиромашување на граѓаните.

„Ова не е случајност. Ова е последица на целосно неработење и хаос во енергетскиот сектор. Време е да кажат кој ќе одговара за овие штети“, рече Филипче.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АВТОМОБИЛ УСМРТИ 59-ГОДИШНА ЖЕНА Тешка сообраќајка во Злетово

03/03/2026
Македонија

Филипче: Во време на војни, членството во НАТО ја штити

03/03/2026
Македонија

Сосетката Тања Спировска: Насилството траеше со години, сите го слушавме

03/03/2026
Македонија

Тошковски: МВР има обезбедена снимка доказ за насилство во Карпош!

03/03/2026
Македонија

ДРОГА ПРОНАЈДЕНА ВО КАСАРНА Марихуана откриена во ранец на припадник

03/03/2026
Македонија

„Да не слушнам ни збор дека можела поинаку, НЕ МОЖЕЛА“:

03/03/2026
Македонија

Македонија меѓу водечките земји во Европа по економски раст во

03/03/2026
Македонија

ПРЕТРЕС ВО КАСАРНАТА ВО ПЕТРОВЕЦ: Кај припадник на армијата пронајдена

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42187
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АВТОМОБИЛ УСМРТИ 59-ГОДИШНА ЖЕНА Тешка сообраќајка во Злетово

03/03/2026

Педесет и деветгодишната З.А. од село Злетово го загубила животот во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во злетовско.

Филипче: Во време на војни, членството во НАТО ја штити Македонија

03/03/2026

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во денешната изјава во Собранието, се осврна на значењето на членството на Македонија во НАТО,

Сосетката Тања Спировска: Насилството траеше со години, сите го слушавме и пријавувавме!

03/03/2026

Семејното насилство во станот каде што се случи трагедијата траело со години и било јавна тајна меѓу станарите, тврди сосетката

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy