Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче: Владата на Мицкоски создаде хаос во пензисикиот систем, пензиите ги доведе во ризик
Македонија

Филипче: Владата на Мицкоски создаде хаос во пензисикиот систем, пензиите ги доведе во ризик

29/11/2025

AA

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција нагласи дека за година и пол владата на Мицкоски направи хаос во Фондот за ПИОМ со што во ризик ја доведе исплатата на пензиите. Затоа, како што кажа Филипче, Мицкоски се обидува со бесрамни лаги и манипулации да ја препише вината за хаосот во пензискиот фонд што тој го направи, на СДСМ.

„Такво политичко лицемерие до сега не сме виде виделе и тоа е обидот на премиерот Мицкоски таа криза која што самиот ја создаде и измамата која што ја направи кон пензионерите сега да ја препише на СДСМ. Велат дека СДСМ сакал преку судството да ги намали пензиите на пензионерите. Ваква лага одамна не сме слушнале. И сакам јасно да им порачам на пензионерите,  хаосот којшто се случува во пензискиот систем, нестабилноста на пензискиот фонд којашто ВМРО-ДПМНЕ ја создаде за само година и пол владеење, неизвесноста за тоа дали ќе има зголемување на пензиите во следниот период, како и неизвесноста дали воопшто ќе има исплата на редовни пензии следните месеци- се е резултат на лошите политики, на лагите, на манипулациите на премиерот Мицкоски и владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН“, рече Филипче.

При тоа, Филипче потсети дека СДСМ повеќепати предупредуваше дека е потребно власта да се придржува до законското решение кое што беше донесено во времето на владата на СДСМ, кое што предвидуваше правично зголемување на пензиите и одржливост на Фондот за ПИОМ.

„Тоа законско решение беше логично, обезбедуваше доволна сума на пари за континуирано зголемување на пензиите согласно зголемувањето на трошоците за живот, согласно растот на минималната плата, согласно инфлацијата, за да пензионерите живеат достоинствени денови, така како што заслужуваат пензионерски, поради тоа што целиот живот плаќале придонеси во пензискиот фонд.Што ние направивме,50% усогласување со инфлацијата, 50%  усогласување со платите. А сега  владата донесе несоодветно решение и ќе видиме сега, според одлуката на Уставниот суд, многу веројатно противуставно решение“ рече Филипче.

Тој додаде дека доколку власта го продолжеше законското решение на СДСМ, сега над 92% од пензионерите ќе добиеа поголемо зголемување од овие 1.000 денари со решението на владата на премиерот Мицкоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Во вториот

22/10/2026
Македонија

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Гласачите да

22/10/2026
Македонија

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА МУ ПОРАЧА НА ФИЛИПЧЕ ДЕКА Е ВРЕМЕ ДА

22/10/2026
Македонија

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НЕ МОЖЕ ДА СИ ЈА ПЛАТИ КИРИЈАТА!? Институцијата

22/10/2026
Македонија

ПРВО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА МАЛЦИНСТВА, ДОГОВОРЕН СО 27 ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ,

22/10/2026
Македонија

ОЧЕКУВАМ НАСКОРО ДА БИДЕ ВАЛОРИЗИРАН НАШИОТ НАПРЕДОК ВО РЕФОРМИТЕ И

22/10/2026
Македонија

ВИНИЧАНЕЦ ЌЕ ДОБИЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЕДНА СЕМКА OД КАНАБИС

22/10/2026
Македонија

ЖИВЕЕМЕ ВО ЕДЕН ОД НАЈПРЕДИЗВИКУВАЧКИТЕ ПЕРИОДИ ВО ИСТОРИЈАТА! Мицкоски пред

22/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46326
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Во вториот круг граѓаните да гласаат по

22/10/2026

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Алсат М телевизија изјави дека СДСМ нема да поддржи ниту еден кандидат

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Гласачите да гласаат по свое убедување во

22/10/2026

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Алсат М телевизија изјави дека СДСМ нема да поддржи ниту еден кандидат

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА МУ ПОРАЧА НА ФИЛИПЧЕ ДЕКА Е ВРЕМЕ ДА СИ ЗАМИНЕ На СДСМ му

22/10/2026

Славјанка Петровска потврди дека има амбиција да застане на чело на СДСМ, но смета дека во овој момент не треба

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy