Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФИЛИПЧЕ НАЈАВИ ДЕКА УСТАВНИОТ СУД ЌЕ ГО ПОНИШТИ ЛИНЕАРНОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ Лидерот на СДСМ ги плаши пензионерите дека ќе немале пензии
Македонија

ФИЛИПЧЕ НАЈАВИ ДЕКА УСТАВНИОТ СУД ЌЕ ГО ПОНИШТИ ЛИНЕАРНОТО ЗГОЛЕМУВАЊЕ Лидерот на СДСМ ги плаши пензионерите дека ќе немале пензии

29/11/2025

AA

За година и пол владата на Христијан Мицкоски направи хаос во Фондот за ПИОМ со што во ризик ја доведе исплатата на пензиите и се обидува со бесрамни лаги и манипулации да ја префрли вината за тој хаос, рече денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција.

– Велат дека СДСМ сакал преку судството да ги намали пензиите на пензионерите. Ваква лага одамна не сме слушнале. И сакам јасно да им порачам на пензионерите, хаосот којшто се случува во пензискиот систем, нестабилноста на пензискиот фонд којашто ВМРО-ДПМНЕ ја создаде за само година и пол владеење, неизвесноста за тоа дали ќе има зголемување на пензиите во следниот период, како и неизвесноста дали воопшто ќе има исплата на редовни пензии следните месеци, сè е резултат на лошите политики, на лагите, на манипулациите на премиерот Мицкоски и владата на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди – рече Филипче.

Филипче смета дека е потребно власта да се придржува до законското решение кое што беше донесено во времето на владата на СДСМ.

Тој најави дека Уставниот суд ќе го укине линеарното зголемување на пензиите.

– Законското решение на СДСМ беше логично, обезбедуваше доволна сума на пари за континуирано зголемување на пензиите, согласно зголемувањето на трошоците за живот, согласно растот на минималната плата, согласно инфлацијата. Ние направивме 50% усогласување со инфлацијата, 50% усогласување со платите. А сега Владата донесе несоодветно решение и ќе видиме сега, според одлуката на Уставниот суд, многу веројатно противуставно решение – рече Филипче.

Од партијата на Филипче неколку дена наназад тврдат дека во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување немало пари, но оттаму ги демантираа овие тврдења. Од ПИОМ велат дека исплатата на пензиите ќе се одвива нормално.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам –

24/08/2026
Македонија

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги

24/08/2026
Македонија

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците

24/08/2026
Македонија

Пожар го блокираше експресниот пат Штип – Кочани

24/08/2026
Македонија

ФОТО Пожарите околу Скопје донесоа чад и мирис на гареж:

24/08/2026
Македонија

Забранета водата за пиење во велешките села Иванковци и Кумарино

24/08/2026
Македонија

21 пожари низ Македонија, активни 7

24/08/2026
Македонија

Приведен 71-годишен скопјанец во Охрид: Агресивно се однесувал и испрскал

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45228
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Михаилов: Ова што се случува на Китка е тероризам – постојано се појавуваат нови жаришта

24/08/2026

Пожарот на планината Китка веќе десетина дена создава сериозна опасност за шумските предели и населените места во околината, а според

Силно невреме во Дебреште: Град со големина на орев ги уништи земјоделските насади

24/08/2026

Град и силно невреме проследено со интензивен град со големина на орев го зафати селото Дебреште. Според сведоштвата и фотографиите

Наутро продолжува гасењето на пожарот на Китка, Ангелов вели: Злобниците упорно го палат

24/08/2026

Пожарот на планината Китка, кој е најкомплексен за гасење во земјава, повторно е активен откако бил намерно подметнат од страна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy