Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче: Заканите на премиерот дека ќе се случел народ на судството е порака дека тој признава судство само по своја мерка
Македонија

Филипче: Заканите на премиерот дека ќе се случел народ на судството е порака дека тој признава судство само по своја мерка

15/03/2025

AA

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција рече дека најавите на премиерот дека со партиски протести наводно ќе се бори против партизираното судство се оксиморон и доказ дека целта е само партизација односно ставање на судството под капа на власта.

-Заканите на премиерот дека ќе се случел народ на судството е порака дека тој признава судство само по своја мерка и дека не сака ниту подобро, ниту пак независно судството. На некој начин таа изјава е оксиморон односно со партиски протести ќе се борат против наводно партизирано судство и нема поголем доказ крајната цел е само партизација. Наместо да се спроведат вистински реформи коишто сега за прв пат после толку години се на маса ќе се протестирало, тоа е апсурд и политика без преседан. И доколку се случат такви пртисоци врз целокупниот правосуден систем, верувајте довербата од 2% ќе се намали на  нула во следниот период, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ потсети дека судството со години е слабо поради корупција, бавни постапки и политички влијанија. Тој нагласи дека ниту една влада во изминатите 30 години не направила доволно за вистински реформи во правосудството, но дека сега за првпат реформите се на маса.

-Апелирам Владата да престане со партиските притисоци врз правосудството и синдикатите и конечно да тргнеме по патот на вистинските реформи,  заклучи Филипче, нагласувајќи дека СДСМ ќе ја даде целосната поддршка за усвојување на сите закони од Реформската агенда во Парламентот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy