Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кубанската електрична мрежа во колапс, милиони без струја
Македонија

Кубанската електрична мрежа во колапс, милиони без струја

15/03/2025

AA

Во текот на ноќта Куба претрпе голем прекин на електричната енергија, предизвикан од колапсот на националниот енергетски систем, соопшти Министерството за енергетика и рударство.

„Околу 20:15 часот во петокот дојде до прекин на електричната енергија во западниот дел на Куба, а тоа предизвика колапс на националниот електроенергетски систем“, соопшти Министерството на платформата X.

Поради застарениот систем за производство на електрична енергија, островот со 9,7 милиони жители веќе претрпе три големи прекини на струја во последните месеци од 2024 година, од кои два траеја неколку дена.

Овие хронични дефекти во електричната мрежа, покрај економската криза во земјава, се и најлоши во последните 30 години. Ова доведе до недостиг на храна, лекови и гориво, како и висока инфлација.

Осумте застарени термоелектрани на Куба, од кои речиси сите беа отворени во 1980-тите и 1990-тите, редовно се расипуваат.

Пловечките електрани изнајмени од турски компании и генератори, кои го надополнуваат националниот енергетски систем, се напојуваат од гориво кое Куба тешко го увезува и често е дефицитарно.

Соочена со вонредна состојба, кубанската влада ги удвои напорите да инсталира најмалку 55 соларни паркови од Кина до крајот на 2025 година.

Според властите, соларните панели ќе произведуваат 1.200 мегавати електрична енергија или 12 отсто од вкупната потрошувачка во земјата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Синиша Стојаноски нов директор на ГОБ „8 Септември“

03/09/2026
Македонија

Седми смртен случај од Западнонилска треска во Македонија

03/09/2026
Македонија

Силно невреме со дожд, грмежи и град погоди делови од

03/09/2026
Македонија

Становите на Груевски поевтини за 200.000 евра, државата повторно ги

03/09/2026
Македонија

Македонската економија забрза во вториот квартал: БДП порасна 4,3 отсто

03/09/2026
Македонија

Петмина приведени во Велес: Пронајдени оружје, муниција и дивеч од

03/09/2026
Македонија

Солзи радосници на ГАК: Малата Бисера по 82 дена замина

03/09/2026
Македонија

Личната карта и возачката дозвола наскоро во телефон: Во октомври

03/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45435
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy