Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче: Трудот мора да се вреднува, а гласот на работникот да се слуша
Македонија

Филипче: Трудот мора да се вреднува, а гласот на работникот да се слуша

01/05/2025

AA

По повод 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати честитка до сите работници, истакнувајќи дека СДСМ секогаш бил и останува на страната на работниците.

„1 Мај е ден кога го славиме трудот и достоинството на секој човек што создава, гради, образува, лекува, се жртвува за своето семејство и за нашата земја. Како човек, секогаш сум имал длабока почит кон секој што со својот труд го движи општеството напред. Како претседател на СДСМ, мојата обврска е таа почит да се претвори во реална политика за поддршка на работниците и нивните права,“ изјави Филипче.

Тој потсети дека СДСМ, и во време на власт и денес, останува доследен на вредностите на социјалната правда.

„СДСМ отсекогаш стоел на страната на работниците. Додека бевме на власт, се боревме за покачување на платите, за подобри услови за работа, за сигурност и почит кон секој работник. Сега, и во опозиција, продолжуваме со таа борба,“ истакна тој.

Филипче потенцира дека СДСМ ќе продолжи со борбата за фер плати, сигурни работни места и почитување на трудот.

„Кога сме заедно, кога сме гласни и истрајни — можеме да направиме промени. Овој ден нека не ни биде само празник. Нека биде потсетник дека секој што работи заслужува достоиснствена плата, време за семејството и глас што се слуша. Честит 1 Мај!,“ порача претседателот на СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ноќта кога Македонија стана независна: „Не знаевме колку е големо,

08/09/2026
Македонија

Како Македонија го воведуваше денарот? Трпески открива со какви дилеми

08/09/2026
Македонија

Трајан Гоцевски: Македонија стекна независност под многу специфични услови, ЈНА

08/09/2026
Македонија

Туше Гошев: Јас сум таткото на правниот систем во независна

08/09/2026
Македонија

Како весниците и библиотеките ја сочуваа македонската историја: Временска капсула

08/09/2026
Македонија

Првиот министер за правда Туше Гошев: За независноста беа потребни

08/09/2026
Македонија

Книгата од 1566 година: Најстарите богатства на Градската библиотека

08/09/2026
Македонија

Од Скопје до Австралија: Кои се држави гласаа за независноста?

08/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45567
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ноќта кога Македонија стана независна: „Не знаевме колку е големо, но знаевме дека правиме нешто

08/09/2026

Плоштадот во Скопје бил полн со луѓе. Новинари, политичари, граѓани. Никој точно не знаел што ќе донесе утрешниот ден, но

Како Македонија го воведуваше денарот? Трпески открива со какви дилеми се соочувала државата

08/09/2026

Првите денови по осамостојувањето на Македонија биле исполнети со низа институционални и економски предизвици, меѓу кои и воспоставувањето на сопствен

Трајан Гоцевски: Македонија стекна независност под многу специфични услови, ЈНА можеше за 4 до 6

08/09/2026

Првиот министер за одбрана на независна Македонија, Трајан Гоцевски, во „Отвореното студио“ на 4ТВ по повод независна Македонија се осврна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy