Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче: Трагедијата во Кочани ги покажа пропустите во системот – време е за сериозни промени
Македонија

Филипче: Трагедијата во Кочани ги покажа пропустите во системот – време е за сериозни промени

02/04/2025

AA

После големата трагедија во Кочани, ја видовме реакцијата на граѓаните, револт, на места и бес. Би рекол сосема оправдано, бидејќи тоа што во изминатите 3 децении, тоа што се нарекува реформи, тоа што се нарекува транзиција, очигледно не го даде посакуваниот резултат, изјави на денешната прес-конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

„Системот на многу места очигледно не фукционира како што треба. Јавните сервиси немаат перформанс каков што граѓаните заслууваат.

За тоа вина имаме сите политички партии, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, другите политички партии.

Слушајќи го овој аларм и барање на граѓаните, слушајќи го и алармот што го покренуваат и  компаниите и бизнисите, потребно е да се направи еден систем, една нова форма на политички дијалог, би рекол и општествен дијалог во којшто ќе се вклучат сите политички патии и други чинители во општеството. Да се изготват стратешки документи, ќе се направи стратегија а врз основа на која државата ќе функционира во следните повеќе од една деценија, деценија и пол или две децении. Многу повеќе од мандатот на која било влада и било која парија или коалиција да ја води таа влада бидејќи очигледно е дека во одредени области мораме да знаеме на кад одиме.

Во таа смисла, ќе напомнам неколку области во коишто сметам дека е многу битно да се комуницира и да се направи еден ваков пристап.

Прво е образованието. Ние немаме веќе деца да ги губиме со тоа што ќе одат во странство. Треба да го зајакнеме тој систем. Сме се обиделе и ние, се обидел и ВМРО-ДПМНЕ очигледно нема посакувани резултати.

Понатаму здравството. Не може само да посакуваме да бидеме здрави, тоа навистина го заслужуваме да го имаме. Тој јавен сервис мораме да го подобриме и здравството и образованието треба да ги тргнеме од дневно политичките пресметки, надмудрувања, математики и тоа да биде навистина стратешки интерес на државата.

Понатаму правосудното, неминовно е да се донесат реформската агенда во што пократок рок реформските закони во одреден систем во којшто ќе се постигне широк консензус не само политички туки и други фактори од делот на правосудството на коишто ова навистина им е експертиза.

Понатаму, заслужуваме да живееме во чиста животна средина да дишеме, а не загаден, токсичен воздух. Македонија има огромни природни богатства мора да најдеме начин да ги заштитиме и да ја исчистиме животната средина.

И последната работа, тоа што граѓаните најмногу ги иритира а тоа  партизацијата и  политизацијата. Мора да ги ослободиме институциите од канџите на политиката и паријата за да младите луѓе имаат навистина добар, компетитивен мерит систем и на тој начин да се вработуваат и напредуваат поради тоа што само на тој начин можеме експертизата да ја издигнеме на соодветно и заслужено ниво.

Во таа смисла, добро е на овие теми да седнат лидерите на сите партии. Може за почеток на парламентарните партии. Ги видов реакциите, го видов и одговорот на премиерот и би му го образложил овој план и подетално на средба во следните денови.

Се надевам дека после тоа, врз основа на ова што сега го образложив ќе се приклучат и другите политички партии и сметам дека е крајно време, премногу време е поминато за ние да зборуваме дека нешто треба да се промени и видовме како трагедијата во кочани на површина извади многу системски пропути и мислам дека е крајно време сите да седнеме и заедно да работиме за доброто на државата“, изјави Филипче.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy