Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ!
Македонија

Филипче: Струјата поскапе поради катастрофалното менаџирање на ВМРО-ДПМНЕ!

23/12/2025

AA

Претседателот на Социјалдемокрасткиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во денешната изјава за медиуми во Собранието,  посочи дека причината за зголемување на цената на струјата е катастрофалното менаџирање на енергетскиот систем во земјата од страна на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ништо не е постигнато од проекциите и задачите кои што оваа влада си ги дала сама на себе. Треба да се произведат над 5.000 гигават часови струја, не се произведени ниту половина, како половина од хидроенергетскиот потенцијал изминатата година да не работел, ете толку струја недостасува во нашиот енергетски систем. Таа струја е замената со увозна скапа електрична енергија. Наместо да се произведува и наместо РЕК Битова, Осломеј Неготино да работат и да произведуваат струја, која што државата ќе ја чини 80-90 евра мегават час. Ние купуваме струја за 140 евра мегават часови“, рече Филипче. 

Тој додаде дека паралелно не е обезбедена доволна количина на реагенси во изминатата година. 

„Се постава прашањето, зашто не се планирало добро? Зошто сега се посегнува по  државните резерви за мазут, кои што не се ниту примарен материјал кој што се користи за производство на струја? Зашто добро не се менаџира овој систем? Зашто 110 милиони евра е задолжена државната компанија ЕСМ? Тука лежат причините за катастрофалното менаџирање на целокупниот овој систем. И сега ние сме соочени со увозна и многу скапа струја, која знаеме дека во зимскиот период уште повеќе поскапува, и сето тоа ќе го плаќаат за жал, граѓаните“, изјави Филипче.

Во изјавата, Филипче најави дека СДСМ ќе излезе со конкретни предлози, решенија, за да им се помогне на граѓаните со ваквите ценовни шокови. 

„Не очекувам дека ова власт ќе ги подржи, исто како што не ги подржа ни законските решенија за намалувањето на ДДВ, кога беше во фокусот на јавноста цената на потрошувачката кошничка, понатаму минималната плата, субвенциите за компаниите во случај на раст на минималната плата. Сметам дека немаат слух за решенија, кои што им се и тоа како потребни на граѓаните да ја пребродат оваа финансиска криза, која што ја има секое семејство, која за жал во последните месеци уште повеќе ќе се влошува“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАЈДЕНОТО ТЕЛО НА ШАР ПЛАНИНА Е НА 74-ГОДИШНИК Починал од

21/09/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ САКА МИНИМАЛЕЦ ОД 600 ЕВРА, АМА Е ПРОТИВ ДАТА

21/09/2026
Македонија

ПОЧНА ОД ПОЧЕТОК СУДЕЊЕТО НА 13 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПОЖАРОТ ВО

21/09/2026
Македонија

📷 УКРАДЕН СЕФ ОД 400 КГ, ОРУЖЈЕ И НАКИТ ВРЕДНИ

21/09/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПОНУДИЛ ИМОТ ОД 200.000 ЕВРА ГАРАНЦИЈА ДЕКА НЕМА

21/09/2026
Македонија

📷 ПАДНА ГРУПА ОСОМНИЧЕНА ЗА ШВЕРЦ НА ЛЕКОВИ Полицијата тресе

21/09/2026
Македонија

СЕРИЈА ТЕШКИ КРАЖБИ ВО ТЕТОВСКО, ПАДНАЛ И СЕФ ОД 400

21/09/2026
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45701
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАЈДЕНОТО ТЕЛО НА ШАР ПЛАНИНА Е НА 74-ГОДИШНИК Починал од природна смрт на 2.500 метри

21/09/2026

Планинарот чие безживотно тело вчера беше извлечено од Шар Планина е 74-годишниот А.С. од тетовското село Џепчиште. Тој бил пронајден

ФИЛИПЧЕ САКА МИНИМАЛЕЦ ОД 600 ЕВРА, АМА Е ПРОТИВ ДАТА ЦЕНТРИ И РУДНИЦИ Само бизнисите

21/09/2026

Венко Филипче сакал плати од 600 евра, ама е против дата центри, рудници и отворање нови работни места, рече денеска

ПОЧНА ОД ПОЧЕТОК СУДЕЊЕТО НА 13 ПОЛИЦАЈЦИ ЗА ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ Еден поротник си заминал,

21/09/2026

Судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети за Tешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот и трагедијата во кочанската

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy