Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФИЛИПЧЕ СЕ САМОИЗОЛИРА, ЛИДЕРИТЕ ЌЕ ОДЛУЧУВААТ ЗА КЛУЧНИ ПРАШАЊА Мицкоски бара поддршка за укинување на техничката влада и за реформите во правосудството
Македонија

ФИЛИПЧЕ СЕ САМОИЗОЛИРА, ЛИДЕРИТЕ ЌЕ ОДЛУЧУВААТ ЗА КЛУЧНИ ПРАШАЊА Мицкоски бара поддршка за укинување на техничката влада и за реформите во правосудството

13/01/2026

AA

Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе одржи лидерска средба со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието, на која ќе се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада. Освен за овие теми, како што најави премиерот, може да се разговара и за други прашања на предлог на учесниците на средбата.

Почетокот на состанокот е најавен за 14 часот, а ќе се одржи во Клубот на пратениците.

Од коалициските партнери во Владата на средбата се очекуваат претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, а од албанскиот партнер Вреди, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами и координаторот на пратеничката група Беким Ќоку.

Од трите опозициски пратенички групи, засега има потврда за учество само од Левица и се очекува оваа партија да ја претставува нејзиниот претседател Димитар Апасиев.

ДУИ денеска попладне на седница на Генералниот совет на партијата ќе донесе одлука дали нејзиниот лидер Али Ахмети ќе дојде на состанокот. Вчера партијата одржа седница на Претседателството на Генералниот совет, свикана од Ахмети, на која се дискутирало за актуелните политички теми и за прашања за внатрепартиската организација.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, пак, веднаш по најавата од Мицкоски одби да учествува и дури ги повика и останатите опозициски партии да не учествуваат.

Филипче, кој претходно бараше лидерска средба за клучни теми и предлагаше да се укине техничката влада, ја одби поканата од Мицкоски со образложение дека немал намера да седи „со криминалци на маса“. За техничката влада рече дека немало да дозволи таа да се укине, затоа што била гарант за фер избори, како и дека ќе овозможи да нема злоупотреби на системот „Сејф сити“ за следење на опозицијата во предизборните периоди. За реформската агенда, пак, рече дека дискусијата за законите ќе се води во парламентот каде што СДСМ ќе ги поддржи сите. Додаде и дека ако сепак се укине техничката влада, СДСМ во секој случај ќе учествува на парламентарни избори.

  • ФИЛИПЧЕ НЕМА ДА ОДИ НА ЛИДЕРСКА СРЕДБА СО МИЦКОСКИ Техничката влада мора да остане

Од Владата велат дека добиле известување од СДСМ дека нема да учествува на состанокот.

Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, вчера на прес-конференција во Собранието рече дека сега е моментот да се влезе во конструктивен дијалог за клучните прашања. Додаде дека како партија една и пол година се обидуваат да влезат во комуникација со владиното мнозинство преку предлагање закони и барање консензус за клучни државни прашања.

– Сметаме дека сега е време да влеземе во конструктивен дијалог, за да можеме да го обремениме овој процес со позитивни насоки, затоа што за нас најважно е да се создаде демократска атмосфера за време на избори и нашите барања ќе бидат во таа насока – рече Мециновиќ.

Левица најави дека прифаќа да се укине техничката влада, но, само ако се воведе една изборна единица и се обезбеди еднаков пристап до медиумското претставување во предизборниот период за сите политички субјекти.

Премиерот Мицкоски неодамна рече дека од лидерите очекува консензус за клучните прашања за државата.

– Да разговараме за изборот на народен правобранител. Да покажеме зрелост дека како политичари и како држава разговараме отворено на сите тие теми во врска со нашата цел, ЕУ, и за законите што треба да се донесат. Ајде да седнеме и да разговараме. Јас не би сакал да влегувам во укинување на техничката влада без консензус, затоа што тоа е политички некултурно, а ваков тип на измени во политичкиот систем треба да се носат со консензус. Ако велиме дека техничката влада е некаков имплант, ако велиме дека техничката влада можеби има проблеми и со уставноста, го кочи системот, не му дава доволно простор за маневар, ајде да ги направиме и тие измени – повика премиерот Мицкоски.

Откако Филипче го одби премиерот Мицкоски рече дека мислел дека ќе се покаже зрелост и широчина.

– Тема на лидерската средба е само Законот за влада. Ако ние се однесуваме неодговорно како што се однесува тој, нам не ни е потребна лидерска средба, ние со 61 глас може да ја избришеме техничката влада, не ни е потребно мислењето на опозицијата. Но, сакавме процесот да биде инклузивен. Сакавме да поразговараме и за Изборниот законик, Законот за Јавното обвинителство, Законот за јавнообвинителска и судска служба, Законот за Советот на јавни обвинители – рече Мицкоски.

Се очекува на лидерската средба да се дискутира и за законите за кои е потребно бадентерово мнозинство кои се заглавени во Собранието затоа што ДУИ не ги поддржува, особено за измените на Законот за прекршоците, од кои зависи дали од 1 февруари ќе профункционира казнувањето преку СМС и мејл на возачите чии прекршоци се регистрирани од камерите на „Сејф сити“.

САМИ МОЖЕМЕ ДА ЈА УКИНЕМЕ ТЕХНИЧКАТА ВЛАДА, НО САКАМЕ ИНКЛУЗИВЕН ПРОЦЕС До скоро СДСМ бараше лидерска средба, а сега Филипче ја одбива

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy