Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФИЛИПЧЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОМБАШ САМОУБИЕЦ Создава токсична атмосфера во општестевото, вели Николоски
Македонија

ФИЛИПЧЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОМБАШ САМОУБИЕЦ Создава токсична атмосфера во општестевото, вели Николоски

19/02/2026

AA

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на отчет 100 дена од новото раководство на локалната самоуправа во Прилеп, истакна дека Филипче води една црна и гнасна кампања против него и Македонија, со што сака да ја уништи и СДСМ и нашите стратешки пријатели.

– Не сум изненаден, гледаме еден нихилизам, една црна кампања, гнасна кампања која доаѓа од СДСМ. Јас сум свесен дека и Венко Филипче е свесен дека му се ниша позицијата во СДСМ, ја има практично киднапирано партијата за цели што само тој ги разбира и буквално се однесува како бомбаш самоубиец, сакајќи да се заштити себе и сопствената позиција во партијата и уништува се околу себе – појасни Николоски.

Вицепремиерот Николоски истакна дека лагите и обвинувањата од страна на Филипче се гол популизам, затоа што во исто време создава токсична атмосфера во општеството којашто не е добра за Македонија.

– Најголем проблем е што овој начин на комуникација создава една токсична атмосфера во општеството, создава една атмосфера којашто не е добра и нешто што нејќе Македонија да го види. Во исто време не кара и со стратешките пријатели, знаете дека цела кампања водеше против Велика Британија со којашто потпишавме стратешки договор и со којашто имаме стратешко партнерство – нагласи Николоски.

Во однос на обвинувањата од Филипче во делот за превозниците, Николоски е дециден дека овој наследен проблем се решава со дијалог со ЕУ.

– Пред неколку недели превозниците од Македонија и целиот регион со право ги блокираа граничните премини коишто одат кон Шенген зоната со барање да ЕК започне дијалог за решавање на проблемот за престој за професионалните возачи во рамките на Шенген зоната. Нивното основно барање беше да се започне дијалог. Планот нивни беше да блокада трае 7 дена, да на четвртиот ден излезе претседателката на ЕК и каже дека таков дијалог ќе се случи и презентираше документ којшто се вика Нова визна стратегија на ЕУ со којшто документ возачите се признати како професионалци, тоа беше едно од основните барања и во рамки на овој дијалог којшто се води во моментот треба да се донесат конечните решенија. Никој никаде а камо ли во систем како ЕУ; дека за две недели сите работи ќе бидат решени, туку тоа што јас го кажав дека ќе започне овој дијалог и дека новата визна стратегија е начинот и патеката по којшто ќе се оди – истакна Николоски.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Македонските возачки дозволи проблем во Италија: Туристите не можат да

28/07/2026
Македонија

Туризмот бележи раст од 40 отсто – Мицкоски ги посочи

28/07/2026
Македонија

69-годишен маж од Штип почина во болница, ќе се врши

28/07/2026
Македонија

Епидемијата во Гостивар се смирува, но останува засилен здравствен надзор

28/07/2026
Македонија

Стабилно, сончево и многу топло време – до 40 степени

28/07/2026
Македонија

Бесплатни униформи за сите првачиња во средните училишта во Скопје

28/07/2026
Македонија

Денеска ќе биде погребан актерот Гоце Тодоровски

28/07/2026
Македонија

Град Скопје најави нова авионска дезинсекција – еве кога ќе

28/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44712
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Македонските возачки дозволи проблем во Италија: Туристите не можат да изнајмат автомобили

28/07/2026

Македонските граѓани кои патуваат или живеат во Италија се соочуваат со проблеми поради непризнавање на македонските возачки дозволи. Туристи веќе

Туризмот бележи раст од 40 отсто – Мицкоски ги посочи владините мерки како причина

28/07/2026

Македонија бележи значителен раст во туристичкиот сектор, а владините мерки за привлекување гости почнуваат да даваат резултати, оцени премиерот Христијан

69-годишен маж од Штип почина во болница, ќе се врши обдукција

28/07/2026

69-годишен маж починал во Клиничката болница во Штип, откако бил донесен со влошена здравствена состојба. Од СВР Штип информираат дека

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy