Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче: Прашање на време е кога целата коалиција ќе се распадне, очигледно ништо суштински не ги врзува политичките партии
Македонија

Филипче: Прашање на време е кога целата коалиција ќе се распадне, очигледно ништо суштински не ги врзува политичките партии

08/05/2025

AA

Претседателот на СДСМ Венко Филипче за случувањата во владината коалиција по превирањето од Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари вели прашање на време е кога целата коалиција ќе се распадне, очигледно ништо суштински не ги врзува политичките партии во таа коалиција.

Во одговор на новинарски прашања по отворање градинка на територија на Општина Центар, Филипче рече дека „тоа што во последно време се случува во владејачката коалиција укажува дека единствена работа којашто ги води партиите во таа коалиција се нивни теснопартиски и финансиски интереси“.

-Така што, таква коалиција којашто не се темели на никакви вредности и нема никаква идеја и визија како да ја води државата напред, а за тоа сведочиме секој ден, осудена е само на една работа, а тоа е неуспех, изјави Филипче. 

Во врска со евентуално излегување на Арбен Таравари од Владата и дали СДСМ би соработувал со неговата Алијанса за Албанците, Филипче одговори дека тоа ќе се види од развојот на случувањата.

-Не знаеме како Арбен Таравари ќе се однесува понатаму, дали ќе прави некакви коалиции или не, да почекаме и да видиме. Како ќе се одвиваат работите, тоа не е наша работа. Ние во СДСМ се спремаме за претстојните избори и нашите врати се отворени и канали на комуникација, бараме партнери. Ја потврдивме нашата коалиција од 14 партии, заеднички веќе почнавме да ги креираме листите за сите општини, а во однос на други партнери почнува процесот на разговори, рече лидерот на СДСМ. 

Додаде дека неговата партија е „апсолутно спремна за каков и да е изборен циклус во претстојниот период“, доколку има и предвремени парламентарни избори.

Филипче не откри конкретни имиња на кандидати за градоначалници затоа што, рече, смета дека „не е фер тоа да го прави додека траат внатрепартиските процедури“.

– Нека завршат, во некои општини навистина брзо се одвиваат и верувам дека многу скоро ќе ги знаеме кандидатите за градоначалници, барем за дел од општините, изјави Филипче. 

На прашање дали за изборите СДСМ би коалицирала со ДУИ, одговори дека ќе разговараат со сите политички партии, меѓутоа, рече, „принципите на коалиција значат дека коалициските партнери прво треба да се почитуваат, да се целосно согласни околу програмите кои ќе им ги ветиме на граѓаните“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy