Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче: Младите се иселуваат и вадат бугарски пасоши, тоа е националната политика на ВМРО-ДПМНЕ!
Македонија

Филипче: Младите се иселуваат и вадат бугарски пасоши, тоа е националната политика на ВМРО-ДПМНЕ!

26/04/2026

AA

Со оваа партиска структура во власта, со лажна кампања европскиот пат запре, младите се иселуваат, вадат бугарски пасоши, така ВМРО го остварува националниот интерес, нагласи претседателот на СДСМ и претседател на Националниот Совет за евроинтеграции, д-р Венко Филипче, во одговор на прашање на денешната Национална дебата за улогата на Собранието во процесот на пристапување во ЕУ – „Гласот на граѓаните во Собранието“, организирана од Институтот за европска политика (EPI). Филипче посочи дека оваа власт со политиките кои што ги води јасно покажува дека не сака државата да оди напред кон Европа, затоа што не сака контрола од европските институции.

Во продолжение е интегралниот одговор на Филипче:

„Со оваа нова партиска структура во власта, европскиот пат запре. Со лажна кампања им презентираа на граѓаните дека сè што е на маса ставено како договор со Европа е национално предавство, а тоа не е вистина. Зошто се граѓаните на анкетите и точно е тоа против уставните измени? Затоа што стравуваат дека тоа е нешто лошо. Еве и вас ви го поставувам прашањето од што стравуваат? Каков е тој ризик по јазикот, по идентитетот, по културата, по фолклорот, бугарското и хрватското малцинство да бидат ставени во Уставот? Никаков. Ама успеа во 2024  година со силна пропаганда, со партиски контролирани медиуми под контрола на ската меѓу Будимпешта, Белград и Скопје, да го продадат Европскиот пат како национално предавство.

Ништо од тоа не е вистина. Ние имаме потпишано договор на македонски јазик со Европската Унија, со сите земји членки, на чист македонски јазик, нема фуснота, нема ѕвездички, нема објаснувања, ништо. Како е загрозен јазикот?

Луѓето мора да знаат дека во позадина на блокирањето на овој европски пат се само интересите на оваа власт, да нема никаков прогрес за може да владее без контрола, да прави притисок врз правосудството. Кој премиер кажува и управува со обвинители судии, дискредитира од јавна говорница и кажува какви чувства има во Европа. Кој премиер го прави тоа? Каде има јавен сервис под контрола на партиски човек на МТВ? Каде има ваков систем на партизација на институции? Не го сакаат тоа луѓето, не го сакаат.

Младите се спремаат да заминат. Младите се спремаат да се иселат, се повеќе. Секој ден имам контакт со млади луѓе, студенти, специјализанти на факултет,  90% се спремаат да одат во Германија, и да бараат бугарски пасоши. Е, тоа е националната политика на ВМРО-ДПМНЕ. Така ги остваруваат тие националните интереси.

Треба да се направи чекорот што е наш договор со Европа, да се направат уставните измени и после тоа да се почнат преговорите по поглавјата, е тогаш да се стави фокус на работата во Собранието. Сите кажуваат имаме инфраструктура, тела спремни итн. Ама џабе е формата ако немате суштина. Џабе е формата ако нема политичка волја за тоа.

После промената на Уставот по којшто еве вие кажете што загрозува, што загрозува таа промена на Устав? Ништо, буквално ништо. Ниту една идентитетска одредница. Така што, факт е дека оваа власт не сака напред кон Европа затоа што не сака контрола од европските институции. Кога ќе почне патот се знае кој е. Имаме примери од Бугарија, од Хрватска, од другите земји. Гледаме како тие земји се трансформираа благодарение на Европа, се отворија после отворањето на поглавјата европските фондови. Меѓу 50-80% се парите што доаѓаат од Европа, од структурните фондови за подобрување на инфраструктура, градинки, училишта, болници итн.

Така повеќе остануваат пари во нашиот буџет за социјалната, за платите, за пензиите. Тоа е механизмот. Инаку, како ќе најдете други средства? Не постои друг извор на средства. На крајот на краиштата, испративме ние предлог декларација која што јасно пишува дека за јазик, идентитет, култура, не се разговара. Ама уставните измени коишто ништо не загрозуваат, ама буквално ништо, а не држат тука место, мора да се направат“, рече Филипче.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИВА МИХАЈЛОВА „ПОИНТЕРЕСНА“ И ОД КОРИДОРОТ 8 И ОД ВЕТОТО

09/10/2026
Македонија

ПОПРАВЕН Е ТОМОГРАФОТ НА РАДИОЛОГИЈА Ќе се работи во две

09/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО

08/10/2026
Македонија

ВЛАДАТА Е ИЗБРАНА ЗА МАНДАТ ОД 4 ГОДИНИ, НО НЕ

08/10/2026
Македонија

СЛЕДУВААТ НЕКОЛКУ НЕСТАБИЛНИ ДЕНОВИ Во недела поројни дождови, во вторник

08/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ЛАЖЕ, ФОН ДЕР ЛАЈЕН ГО ДЕМАНТИРАШЕ СО ИЗЈАВАТА Реформите

08/10/2026
Македонија

ЛИЧНА КАРТА И ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА НА МОБИЛЕН ОД 28 ОКТОМВРИ

08/10/2026
Македонија

ЛОКАЦИЈАТА ЗА ДАТА-ЦЕНТАРОТ Е ИЗБРАНА, КАМЕН ТЕМЕЛНИК ДОГОДИНА Поплавата во

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46071
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИВА МИХАЈЛОВА „ПОИНТЕРЕСНА“ И ОД КОРИДОРОТ 8 И ОД ВЕТОТО ВО ЕУ Како известуваа бугарските

09/10/2026

Бугарските медиуми главно известуваа за средбата на министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и Велислава Петрова-Чамова преку официјалните информации и

ПОПРАВЕН Е ТОМОГРАФОТ НА РАДИОЛОГИЈА Ќе се работи во две смени за да се снимат

09/10/2026

Од денеска е ставен во функција еден од компјутерските томографи на Универзитетскиот институт за радиологија – Скопје и е достапен

ВЛАДАТА БАРА ЈАСНИ ГАРАНЦИИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВО ВЕТО Бугарија праќа мешани пораки за

08/10/2026

Бугарија ја упатува Македонија да го решава проблемот со уставните измени во Брисел, но кога македонската Влада ќе предложи разговори

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy