Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет!
Македонија

Филипче: Македонскиот јазик е нашиот идентитет!

05/05/2025

AA

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, вечерва учествуваше на трибината „Јазикот наш единствен е“, организирана од Форумот на Жени на СДСМ, а по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Филипче порача дека македонскиот јазик е нашиот идентитет, и тоа никој не може да го оспори и одземе.

„Ние, но и следните генерации имаме обврска да го чуваме и да го негуваме македонскиот јазик, поради тоа што тоа е нашиот глас во светот. Тоа никој нас не може да ни го оспори, не може да ни го одземе, ниту јазикот, ниту идентитетот“, рече Филипче.

Тој посочи дека во периодот на Владата на СДСМ, се донесоа државнички одлуки за заштита и унапредување на македонскиот јазик. Денес, македонскиот јазик е рамноправен јазик со сите јазици во светот, признаен од Обединетите Нации и афирмиран во Европската Унија.

„Нашата Влада успеа да го донесе македонскиот јазик и во европското законодавство. За првпат на македонски јазик е потпишан еден договор во Владата на премиерот Димитар Ковачевски, тоа е договорот со ФРОНТЕКС, на чист македонски јазик, без фусноти, без ѕвездички, потврден од цела Европа. И тоа не е мала работа, тоа е голема победа, колку и да сакаат политичките опоненти од навистина неразбирливи причини да прикажат дека тоа не е така“, рече Филипче.

На трибината, Филипче истакна дека токму Владата на СДСМ во 2019 година донесе одлука денешниот ден, 5 Мај, да биде Ден на македонскиот јазик.

„Мене ми е чест што бев дел од Владата на СДСМ, којашто со своите државнички политики, посветеност и ентузијазам, практично ги исполни заложбите за заштита и утврдување на македонскиот јазик. Во 2019 година Владата донесе историска одлука 5 Мај да стане Ден на македонскиот јазик, во чест на 5 мај 1945 година кога тогашниот Президиум на АСНОМ ја усвоил одлуката за македонската азбука да биде официјално писмо. Претходно, на второто заседание на АСНОМ е донесена одлука македонскиот јазик да биде официјалниот јазик, а после неколку дена од оваа одлука, на 5 мај е донесена и одлука за македонскиот правопис“, истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy