Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче го честиташе 11 Октомври: Аманетот од хероите на НОБ е да ја продолжиме борбата за правдата и слободата, за нашиот дом
Македонија

Филипче го честиташе 11 Октомври: Аманетот од хероите на НОБ е да ја продолжиме борбата за правдата и слободата, за нашиот дом

11/10/2025

AA

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска, во чест на 11 Октомври – Денот на народното востание, одржа средба со претставници од Сојузот на борци на НОАВМ.  Претседателот Филипче го честиташе големиот македонски празник, го исткана аманетот на борбата и го посочи значењето и придонесот на НОБ и на Сојузот на борци во поставувањето на темелите на нашата држава.

На средбата беше истакнато  дека македонскиот народ секогаш бил на вистинската страна на историјата – на страната на слободата, правдата и одбраната на достоинството на секој еден човек.

„Имавме одлична средба денеска со претставници од Сојузот на борци, секој еден од нив – директни потомци на народни херои, првоборци, луѓето коишто со крв се вградија во темелите на оваа држава, кои што покажаа со дела и со борба дека Македонија ја сакаат повеќе од сè“, рече Филипче.

Тој додаде дека борбата за подобро општество не е завршена, и треба уште многу да се работи за целосно да се исполни аманетот на нашите предци.

„Треба уште многу да работиме напорно, да ја зајакнеме оваа држава, да го завршиме евроинтегративниот пат, за Македонија да биде убаво место за живеење во кое што младите ќе ја гледаат иднината. Да го најдеме начинот да постигнеме национален консензус и да се бориме против најголемите непријатели на денешнината, а тоа е корупцијата,  партизацијата и сиромаштијата“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Алмир Даути назначен за в.д. директор на „Комуналец“ Гостивар по

28/07/2026
Македонија

Претреси во Куманово: Уапсени три лица, пронајдени дрога и нелегален

28/07/2026
Македонија

Семејствата на загинатите кај Блаце бараат одговорност за необезбедената делница

28/07/2026
Македонија

По загадувањето на водата, ризик од хепатитис и жолтица: Гостивар

28/07/2026
Македонија

Македонските возачки дозволи проблем во Италија: Туристите не можат да

28/07/2026
Македонија

Туризмот бележи раст од 40 отсто – Мицкоски ги посочи

28/07/2026
Македонија

69-годишен маж од Штип почина во болница, ќе се врши

28/07/2026
Македонија

Епидемијата во Гостивар се смирува, но останува засилен здравствен надзор

28/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44716
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Алмир Даути назначен за в.д. директор на „Комуналец“ Гостивар по епидемијата со водата

28/07/2026

ЈП „Комуналец“ од Гостивар доби ново раководство откако за вршител на должност директор е назначен Алмир Даути. Тој ќе ја

Претреси во Куманово: Уапсени три лица, пронајдени дрога и нелегален пиштол

28/07/2026

Три лица се приведени во одделни полициски акции во Куманово, откако при претреси во нивните домови биле пронајдени дрога и

Семејствата на загинатите кај Блаце бараат одговорност за необезбедената делница

28/07/2026

Семејствата на тројцата загинати во тешката сообраќајна несреќа кај граничниот премин Блаце бараат целосно расчистување на случајот и утврдување на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy