Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФИЛИПЧЕ Е ИСПЛАШЕН ОД ИСКАЗИТЕ НА ГРУБИ Тој брутално ме напаѓаше, зошто би склучувал пакт со такви лица?
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ИСПЛАШЕН ОД ИСКАЗИТЕ НА ГРУБИ Тој брутално ме напаѓаше, зошто би склучувал пакт со такви лица?

27/02/2026

AA

Премиерот Христијан Мицкоски побарал објаснување од МВР и АНБ зошто би бил загрозен Артан Груби во притвор и добил одговор дека тоа се класифицирани, строго доверливи документи до кои директорот на затворот „Скопје“, кој изјави дека не би била загрозена безбедноста на Груби, нема пристап.

– Таква е одлуката сега, но тоа не значи дека куќниот притвор нема да биде заменет со ефективен. Лицето е обезбедено, мерките ги одредува обвинителство и судството врз основа на факти и тие имаат таква одлука – рече Мицкоски во интервју на „Тема на денот“ на Сител.

Премиерот рече дека има чувство оти многу луѓе се загрижени во овој момент и дека токму од таа загриженост произлегува немирот кај опозицијата.

Според него, Филипче е исплашен од исказите на Груби, но како што рече „ќе дојде момент на соочување со правдата, па потоа да не биде дека има политички реваншизам“.

– Кога ќе дојде до тој момент, имам такво чувство дека ќе дојде, да не биде потоа политички реваншизам или нешто друго. Да не биде после тоа како за модуларната „јас не сум виновен“. Да не биде дека еве некој политички некој му се реваншира. Тоа е суштината кај СДСМ и нивните прокси ботови, исплашени се од тоа што ќе следува… – рече Мицкоски.

Додаде дека ги разбира реакциите и незадоволството на граѓаните за случајот со Груби и ги поддржува.

– Ја следам дебатата овие 2-3 дена околу случајот Груби и отприлика тоа што можам да го слушнам и прочитам и на социјалните медиуми, но и оние пораки кои до мене стигаат е следново, со право имаме револтирани граѓани коишто во колективната меморија сè уште ги имаат оние слики од минатото кога се нарачува судски процеси, луѓе се ставаа во притвор па се вадеа по потреба, се сеќавате за уставните измени како луѓе преку ноќ се ослободуваа, за да влезат во Парламентот и да гласаат. Нема да ги коментирам сите оние снимки кои се појавуваа во јавноста како одредени високи функционери на претходната влада нарачуваат судски процеси во Врховниот суд и во другите судови, така што апсолутно ги разбирам граѓаните и ги поддржувам – рече премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека втората група се прокси ботовите на опозицијата, коишто се обидуваат да се качат и да јаваат на оправданиот револт на граѓаните и да го засилуваат и тоа не може да се оправда.

– Тие најчесто обвинуваат со тезата постои договор меѓу владата и Груби. Сега ајде објективно да го изанализираме тоа, затоа што едно е политика, а друго е реалност. Најпрвин, се сеќавате водеа кампања дека владата го пуштила Груби да избега, потоа кога тој се појави на граничниот премин Блаце водеа кампања дека владата ја спасува ДУИ, за на крај кога обвинителството и судот одредија мерка куќен притвор, да велат дека ова е по налог на пактот кој го склучила владата со Груби. Јас бев единствениот којшто лично од Груби беше најмногу напаѓан во минатото, јас сум единствениот којшто од високи официјални лица на ДУИ во минатото и денеска лично е напаѓан и со ниски страсти и со лаги и со конструкции, најдиректно, најбрутално, која е логиката јас да склучувам пактови со лица како Артан Груби и сличните, за да тие добијат помали мерки на претпазливост. Јас бев единствениот кој лично од Груби беше најмногу напаѓан и од високи претставници на ДУИ најбрутално, со лаги и конструкции. Која е логиката да склучувам пактови со лица како Груби? Свесен сум дека овие растурени пердуви ќе остават лузна на мене и мојата политика, но крајната цел е важна – пораката и денес им ја кажав – дека големите одлуки се носат во тишина – рече Мицкоски.

Премиерот праша дали можеби кај оваа група на ботови и прокси структури на СДСМ работи Фројд, односно потсвеста, па тоа што тие го правеле во минатото мислат дека го прави оваа влада сега.

Во врска со одлуката на обвинителството и на судот за куќниот притвор на Груби, премиерот Мицкоски нагласи дека многу пати досега ги коментирал и обвинителството и судството и неговиот став за нив е непроменет, а она за коешто кажал дека ќе го прифати без разлика дали се сложува или не се одлуките на Уставниот суд

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy