Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче: До 2018 година имаше паралелен увоз на лекови, потоа се смени законот
Македонија

Филипче: До 2018 година имаше паралелен увоз на лекови, потоа се смени законот

17/10/2023

AA

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче денеска пред членовите на Анкетната комисија за случајот на Онкологија рече дека пред да стане министер, имало систем со кој не се знаело какви лекови се даваат, особено за пациентите со малигни болести и за дијабетичарите, но дека законот е променет и оттогаш лековите се увезуваат по европски критериуми.

Паралелниот увоз на лекови кој постоел до 2018 година, како што посочи, овозможувал лековите што влегуваат во државата да бидат без сертификат за квалитет.

За тоа што биле набавувани лекови на реверс, Филипче рече дека тоа било направено за пациентите да не останат без лек.

-Реверсот е за пациентите да не останат без лек. Во јануари имате 100 пациенти со една дијагноза. Во март дошле 20 нови, а првите 100 мора цела година да го примаат лекот. Затоа е земан реверсот. Не го оправдувам тоа, ама нема што да прават. Ќе останеле пациентите без лек. Системот треба да се смени, рече Филипче.

Давањето и контролата на лекови, како што рече Филипче, е работа на менаџментот и на главната сестра.

-Давањето, контролата на лекови е работа на менаџментот. Министерот не знае како се даваат терапиите. Тоа е работа на главната сестра, така било секогаш, рече Филипче.

За поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев рече дека е одличен професионалец и дека ако постои сомнеж во неговата работа, тоа треба да се истражи.

Пред пратениците кажа дека не бил запознаен со КАТО-системот кој со години е неупотребуван на Онкологија. За време на неговиот мандат, како што рече, немало пропусти во работата на Клиниката.

Филипче рече дека додека тој бил министер за здравство до него не стигнало информација дека за некој пациент нема лек.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Лажен лекар измамил жена од Пробиштип за 2.500 евра

20/08/2026
Македонија

Ислам Абази нема да бара нов мандат на чело на

20/08/2026
Македонија

Млечни производи повлечени во Косово, дел од нив се продавале

20/08/2026
Македонија

АХВ побара вакцини против сипаници кај овците од ЕК и

20/08/2026
Македонија

Леб по 126 денари, душеци од 1,1 милион и неевидентирана

20/08/2026
Македонија

Македонија утре во портокалова фаза: УХМР предупредува на високи температури

20/08/2026
Македонија

Обвинителството не најде криминал и го затвори случајот за набавките

20/08/2026
Македонија

Продолжен притворот за осомничените за загадувањето на гостиварската вода: четворицата

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45137
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Лажен лекар измамил жена од Пробиштип за 2.500 евра

20/08/2026

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против М.М.(23) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено

Ислам Абази нема да бара нов мандат на чело на Обвинителството за гонење на организиран

20/08/2026

Шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази, најави дека нема да

Млечни производи повлечени во Косово, дел од нив се продавале и во Македонија

20/08/2026

Млечни производи се повлекуваат од продажба во Косово по лабораториски анализи во кои биле утврдени неправилности во составот и декларациите.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy