
ФИЛИПЧЕ ДА НЕ ГЛУМИ СОЦИЈАЛДЕМОКРАТ ОД ТЕМУ ЗА ПАТАРИНИТЕ Кога беше власт велеше дека цените се ниски

Венко Филипче од опозиција глуми социјалдемократ, а на власт се богати од тендери и не му текнува на народот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Замислете Филипче дури сега дознал дека во Македонија се плаќале патарини, ама не му текна дека се истите цени од времето кога тој беше на власт. Цените за кои Филипче вели дека ги нема никаде во Европа, се истите кога беше СДСМ на власт и за кои неговиот сопартиец Благој Бочварски велеше дека се ниски“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
За потсетување, се додава во соопштението, Бочварски крајно лицемерно и елитистички им викаше на граѓаните ако им се скапи патарините, нека возат по локални патишта.
„Социјалдемократот од Тему, Филипче имаше 7 години да побара намалување на цените на патарините или во најмала рака ако бил загрижен да му се спротивстави на неговиот сопартиец Бочварски, но не го стори тоа. Или можеби Филипче бегајќи панично кон Грција сега прв пат плати патарини во животот? Она што Филипче треба да го каже, каде одеа парите од патарини во нивно време и во чии џебови завршуваа народните пари“, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

.

