Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче: Без применети реформи – нема укинување на техничката влада
Македонија

Филипче: Без применети реформи – нема укинување на техничката влада

14/01/2026

AA

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја потенцираше важноста на реформите и предупреди дека укинувањето на техничката влада не смее да се случи без применети реформи во државата.

„На граѓаните треба да им е јасно дека тоа што досега го зборувавме е вистина и сè што најавивме практично се случува. Нема збор за главните проблеми во државата. На власта ѝ се брза да направи избори, затоа што пари нема. Дупката во Буџетот е огромна, а понатаму ќе следи и проектот ‘мигранти за пари’“, истакна Филипче.

Тој детално ја образложи економската состојба: „Недостасуваат околу 2 милијарди евра. Конкретно, на страната на приходите има кусок од 500 милиони евра, дефицит во Буџетот е 680 милиони евра, а доспеаните и неподмирени обврски кон економските субјекти изнесуваат 700 милиони евра. Поврат на ДДВ меѓу 100 и 150 милиони евра не е исплатен кон компаниите. Следуваат нови задолжувања, еврообврзница, нови кредити. Сето тоа ќе се пополнува на грбот на народот. Нема пари за раст на платите во 2026 година.“

Филипче се осврна и на земјоделството, потенцирајќи скандал со ИПАРД: „Се потврди кражба на европски пари. Ние сме на црната листа на Европа во делот на земјоделството. Власта нема од каде да надополни дупка од 120 милиони евра кои беа субвенции за илјадници семејства кои живеат од земјоделството.“

Претседателот на СДСМ исто така предупреди на „анти-европска кампања“ и зголемен национализам: „Се провоцираат судири со Грција и Бугарија, се наметнуваат националистички теми, се измислуваат изговори за земјава да се држи во изолација. Активности против нашиот стратешки партнер Соединетите Американски Држави, како средбата на вицепремиерот Стоилковиќ со ‘Ноќните волци’, се сериозен сигнал.“

Филипче посочи и на криминал и корупција: „Фирми блиски на луѓе од ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ добиле стотици тендери низ земјата, меѓу кои и тендери во пошта вредни милиони евра. Следуваат нови објави за корупциски скандали.“

Тој нагласи дека укинувањето на техничката влада треба да се случи само кога државата ќе биде зрела за тоа: „Слободната волја на граѓаните, демократијата и фер изборите не се прашања за политички пазар. Неопходни се реформи по европски стандарди, особено во правосудството. Кога реформските закони ќе се донесат и имплементираат како што препорачува ЕУ, тогаш ќе бидеме подготвени за укинување на техничката влада.“

На крајот, Филипче порача: „СДСМ ќе ги поддржи само реформите кои ја носат земјата на ниво на европските стандарди. ВМРО и ДУИ нека договараат што сакаат. Нашата обврска е да ја вратиме власта во рацете на граѓаните.“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy