
ФФМ фрли 400.000 евра за терен во Велес – сега е змијарник! (ВИДЕО + ФОТО)
Во Македонија има клубови кои очајно бараат терени, а има и терени кои се во очајна состојба и никој не игра на нив.
Такво е игралиштето во Велес за кое пред две години беа вложени 400.000 евра за реконструкција, но бадијала кога никој не го одржува, ниту градските власти, ниту ФФМ која ги даде парите.






