
Ферстапен лесно ја „освои“ Канада и се изедначи со легендарниот Сена!
Ова беше 41. победа за Холанѓанецот во кариерата, со што се изедначи на вечната листа победници со легендарниот Аиритон Сена. Славјето беше дополнето и од фактот што ова беше стотта победа за неговиот тим Ред Бул во Ф1-шампионатот.
Зад него се најде Фернандо Алонсо со Астон Мартин, кој ја доби битката со поранешниот колега Луис Хамилтон за второ место на подиумот. Возачите на Ферари имаа тивка трка (по наредбите од тимот да нема претекнување) – Шарл Леклер заврши како четврти пред Карлос Саинс, додека за Перез максимумот беше шестото место. Бодови освоија и одличниот Алекс Албон во Вилијамс, Естебан Окон во Алпин, Лендо Норис во Мекларен и Валтери Ботас во Алфа Ромео.
