Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Дури 14 компании од Битола имаат добивки од над милион евра
Економија

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Дури 14 компании од Битола имаат добивки од над милион евра

10/06/2024

AA

Големиот број на високоплатени тендери му донесе на „Марковски Компани“ прво место во „натпреварувањето“ за најуспешна компанија по остварена добивка во Битола во 2023.

Бизнисот на Борче Марковски за ископ на јаглен и јаловина за потребите на РЕК Битола, како и другите активности на оваа градежна компанија ја прават неприкосновена на врвот за минатата година. За период пократок од шест месеци „Марковски компани“ на Борче Марковски доби три тендери од ЕСМ во вредност од 80 милиони евра за ископ на јаловина и лигнит во рудницитена РЕК Битола. 

На второто место е земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, кој направи фантастичен резултат, но не од своето редовно работење, туку од наплата на дивиденда од акумулираната добивка од биогасната централа „Пелагонија Енерџи“.  Кромберг и Шуберт, производителот на кабли за автомобилската индустрија, е на третото место и за него кризата со прекини во синџирот на снабдување дефинитивно е завршена.

На четвртото место е Ери Цорпоратион, еден од најголемите светски производители и извозници на топлински разменувачи и вентилациски компоненти. Порано оваа компанија имаше и домашни сопственици, но во текот на изминатите години целосно е преземена од британскиот Volution Group plc.

Во првите пет е уште и Руд-Коп, компанија која потврдува дека може добро да се профитира ако се соработува со АД ЕСМ и РЕК Битола во јавните набавки. Освен помошни дејности за вадење на руда, компанијата се занимава и со нискоградба. Добивката е зголемена за 178 отсто, а до крајот на 2023 бројот на вработени бил 77-мина. Сопственик е Кирил Билјановски.

Фантастичен резултат има „Синпекс“, фирмата на Синиша Петровиќ и Христина Фуна, позната по тоа што продава разни светски брендови на трактори за битолските и останатите земјоделци и фармери. Понатаму следува производителот на сладоледи „Цермат“, инаку семеен бизнис на Зоран Ристевски и Виолета Ристевска Лазич. Стентон Градба на Снежа Стојаноска е меѓу првите во Македонија за изградба на станови, но учествува и во голем број на јавни набавки, а за оваа компанија лани беше објавено дека ќе му биде подизведувач на „Бехтел и Енка“ во изградбата на новите автопати. На крајот од минатата година доби рекорден тендер од Дирекцијата за технички и развојни зони за голема градежна офанзива во три зони и за градба на нови објекти за сместување, амбуланти, детски градинки и складишта со паркинзи во Скопје, Штип и Прилеп. Тоа воедно беше и најголемиот поединечен тендер во 2023 година, а голема сума на пари „Стентон“ доби авансно од ТИРЗ.

Игнација ФМ на Фатмир Мерсими работи на останати завршни градежни работи на разни проекти, како местење на инсталации за греење и вентилација. Последен меѓу првите е печатницата Киро Дандаро, која лани беше продадена за 9,5 милиони евра на хрватски гази. 

Евро Стил, слично како и „Симпекс“, продава земјоделски машини, а е во сопственост на Слободан, Зорка и Рајко Рајкоски, како и на Сашка Веловска, а претпријатие од таков тип од Топ-15 е „Електропроизводи и сервис ЕПС“, но за опрема за термоцентрали, рудници, челичарници, компании од металопреработувачката индустрија, индустријата за цемент и од хемиската индустрија. Оваа компанија е формирана во 2016 и е во сопственост на Јован Папастеревски, кој живее во Скопје. Нема подружници и има само петмина вработени. Добивката се зголемила за една година за дури 915 отсто, а приходите се зголемиле за 403 проценти. Фирмата на Папастеревски извлекла добивка од безмалку еден милион евра од 4.350.000 евра приход. Покрај тоа, „Електропроизводи и сервис ЕПС“ нема речиси никакви задолжености.

Во Топ-15 следува Таскфорце БПО за технолошки напредни аутсорсинг услуги за други компании во странство. Последните две од Топ-15 се Млекара Битола и Никопоулос, друштвото кое направи најдобар резултат иако е регистрирано во 2023, но заслугите за тоа одат најмногу поради договорот со АД ЕСМ за увоз на јаглен за потребите на РЕК Битола. А.К.

Извор: Централен регистар

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕДЕЛАТА НОСИ СОНЦЕ, ОД ЧЕТВРТОК ДОЖД Температурите ќе достигнат 23

17/10/2026
Македонија

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ Народниот

17/10/2026
Македонија

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ** Народниот

17/10/2026
Македонија

ГЛАСАЊЕТО ВО БРВЕНИЦА СЕ ОДВИВА БЕЗ ПРОБЛЕМ Гласале 85 болни

17/10/2026
Македонија

СЕМЕЈНОТО НАСИЛСТВО ГИ ПОЛНИ ОРДИНАЦИИТЕ НА ПСИХИЈАТРИТЕ Расте бројот на

17/10/2026
Македонија

СОПРУГАТА ГО ПРИЈАВИЛА ЗА НАСИЛСТВО, МУ НАШЛЕ МУНИЦИЈА Во Групчин

17/10/2026
Македонија

ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛ ДОДЕКА ГО ПРИВЕДУВАЛЕ Жител на Голема Речица

17/10/2026
Македонија

ПОЛИЦАЕЦ ЗАД ВОЛАН БЕЗ ПОЛОЖЕН ВОЗАЧКИ ИСПИТ Внатрешната контрола открила

17/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46226
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕДЕЛАТА НОСИ СОНЦЕ, ОД ЧЕТВРТОК ДОЖД Температурите ќе достигнат 23 степени

17/10/2026

Времето в недела, 18 октомври, ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ Народниот правобранител отвора канцеларија и телефонска

17/10/2026

Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово утре, на денот на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, ќе биде

ГРАЃАНИТЕ НА БРВЕНИЦА ЌЕ МОЖАТ ДА ПРИЈАВАТ ИЗБОРНИ НЕПРАВИЛНОСТИ** Народниот правобранител отвора канцеларија и телефонска

17/10/2026

Подрачната канцеларија на Народниот правобранител во Тетово утре, на денот на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, ќе биде

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy