Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?
Економија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скап ли е такси превозот во Скопје? Колку заработуваат најпопуларните компании?

17/05/2024

AA

Скопјани велат дека цената за такси-превозот е неосновано висока, затоа што во меѓувреме основниот трошок за гориво се стабилизирал и не е така висок како за време на енергетската криза. 

Според податоците на глобалната платформа Numbeo, просечната цена на такси превозот во Скопје е еден од најевтините во однос на другите главни градови. Помеѓу набљудуваните градови, најдобри цени се во Скопје, каде за возење ќе платите речиси половина помалку од Загреб. 

Од она што можеше да се провери, нема значителен раст кај приходите кај скопските такси-компании во 2023, а кај некои од нив дури има и намалување. Пад има и кај бројот на вработени кај некои. Најголеми приходи имаат „Глобал“, „Каммео“, „Рива“, „АС Вардар“ и „Теникс“.

Кај голем број такси служби возачите се самовработени, а приходот е наменет само за неколкумина вработени во логистиката. Се смета дека голем број од таксистите немаат регулирани дозволи за работа.

Во Скопје има 2.700 таксисти, според бројот на лиценци издадени од Град Скопје. Од Асоцијацијата на авто-такси превозници, во која се членови компаниите кои имаат свои возила и кои вработуваат таксисти, велат дека состојбата со такси превозот е лоша поради нелојалната конкуренција. Голем е бројот диви таксисти, кои не плаќаат никакви давачки кон државата и возат со стари и нееколошки возила. И покрај големиот број издадени лиценци, во Скопје попладне, а особено навечер не може да се најде слободна кола.

Советот на Град Скопје во 2022 го усвои барањето на таксистите за формирање на нови тарифи и цени. Со одлуката се формираа три тарифи за такси превоз во зависност од тоа колку е цената на горивото. Операторите се правдаа дека превозот не зависи само од горивото. Поскапена била работната сила, деловите за возилата, тука е и нелојалната конкуренција. Првиот економски удар такси компаниите го почувствуваа во пандемијата, а со енергетската криза тој се зголеми. Голем број од такси компаниите ставија клуч на врата.

Минатата година со 1.556 такси возила се превезени 14.341.000 патници на ниво на Македонија, од кои 12.749.000 во градскиот превоз, а во меѓуградскиот 1.592.000 патници, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Таксистите извозиле вкупно 55.793.000 километри, од кои 47.487.000 низ градските улици, додека во превозот меѓу градовите се остварени 8.306.000 километри. Податоците за такси-превозот се добиени од 227 извештајни единици. Во периодот за кој е водена статистиката таксистите потрошиле 184 тони бензин,  2.752 тони дизел и  2. 239 тони автогас.

Во продолжение приходите за 2023 на најпопуларните такси-компании во Скопје.

Извор: Централен регистар

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45877
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува нова систематизација, ССНМ застана зад

29/09/2026

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази загриженост поради најавите од ТВ Телма за отпуштање новинари и медиумски

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy