Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Фактор анализа ОХРИД-СТРУГА 2024: Охрид притиска, но Струга не пушта! Кои се најголемите и најуспешни компани на брегот на Охридско езеро
Економија

Фактор анализа ОХРИД-СТРУГА 2024: Охрид притиска, но Струга не пушта! Кои се најголемите и најуспешни компани на брегот на Охридско езеро

08/05/2025

AA

Фразата дека Охрид и Струга се туристички бренд на Македонија е често повторувана, но дали е и вистинита? Тоа го покажуваат најновите податоци за економската „крвна слика“ на најубавиот македонски езерски регион. Овој крај, опеан во песни, раскажуван во книги и една од најпрепознатливите локации по кои Македонија е позната ширум светот, крие поинаква економска реалност.

Меѓу 28-те најголеми компании во охридско-струшкиот регион – од кои најмалата има приход од 6 милиони евра – нема ниту една што работи во туристичката дејност.

Дали Охрид и Струга навистина се градови што живеат од туризмот?

Древните центри на словенската писменост, со децении го градеа имиџот на туристички брендови на Македонија. Црквите и манастирите, Варош, Потпеш, стравопочитниот поглед од Канео, Универзитетот на Св. Климент, куќата на Робевци, чудесната Трпејца, автокампот Љубаништа, фасцинантните извори на Дрим и безвременскиот Св. Наум, како и феноменалната тераса на „Инекс Горица“ – сите тие се дел од мозаикот на туристичката понуда. Охридски бисери, уникатна староградска музика, ресторанот „Далга“, клубот „Џез Ин“, погледот од Велестово… и уште многу повеќе.

Но дали Охрид навистина живее од туризмот? Одговорот е – не!

Меѓу најголемите охридски фирми нема ниту една чија главна дејност е хотелиерство или угостителство.

Струга плени со нејзиниот Дрим и старото градско јадро. Овој македонски град на поезијата се гордее што е родно место на големите македонски преродбеници Димитрија и Константин Миладинови, особено младиот брат Константин, чија антологиска песна „Т’га за југ“ е неуништлив белег на културната самосвест и засебност на Македонецот.

И покрај туристичкиот потенцијал, и Охрид и Струга не живеат од туризмот. Туризмот има значајно влијание, но економијата на регионот е предводена од странски гринфилд инвестиции. Во моментов има три такви компании, кои ангажираат над 3.000 жители од езерскиот регион.

За „инает на охриѓани“, најголемата компанија од овој регион во 2024 година има седиште во Општина Струга. Тоа е „Магна Мирорс СИЕ“ со приход од 149 милиони евра. За нијанса е поголема од охридскиот „Костал“, кој до неодамна важеше за најголемата компанија во регионот. „ЛТХ Леарница“ е втората најголема охридска компанија, дел од словенечката групација „ЛТХ Кастингс ДОО“, специјализирана за лиење, обработка и монтажа на комплексни алуминиумски компоненти за глобалната автомобилска индустрија.

Кои се економските херои на Охрид и на Струга во 2024 година?

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy