
Фактор анализа БИТОЛА 2024: Бабам Битола – големи бизниси! Кои фирми направија од 10 милиони евра па нагоре?
Пелистер е највисокиот од сртовите на Баба планина и околните планини со кои е омеѓена родната
Пелагонија, најголемата македонска житница. Под Пелистер е Битола и рангирањето
за 2024 година покажа дека останува да биде економски центар на Пелагонија.
Битола,
градот на конузлите, градот на културата, најголемиот град во југозападна
Македонија, најголемата
македонска житница, се уште и
најголемиот производител на струја. Порано голем и силен македонски индустриски град, а ние што
станувавме тинејџери па и адолесценти во независна Македонија го паметите како
најголем економски, културен, особено спортски и образовен ривал на Скопје. Низ годините работите и
економските прилики се менуваат. Драстично. За
некого на подобро за друг не баш на добро. Како и да е Битола повеќе не е
индустриски центар како што бил, а веќе ниту од далеку не е ниту економски ниту
политички ривал на Скопје. Воедно Битола повеќе не е ниту
неприкосновен и најголем производител на струја од блоковите на
РЕК Битола што всушност е и основата на битолската макро економија.
Анализата и рангирањето што произлезе од неа покажуваат
дека битолската економија во својата основа ни од далеку не е индустриски град
како што бил. Приматот го држат една голема гринфилд странска инвестиција
супортер на големите автомобилски концерни, а во најголемите десет има и една
испостава на голема американска компанија за апликативен софтвер. Од домашните
големи бизниси тука се најголемата македонска млекарница, најголемата
веледрогерија, вториот најголем синџир аптеки, најголемиот македонски
производител на сладолед, сериозен ланец на спортски обложувалници, две
градежни компании кои главниот бизнис го црпат од РЕК Битола, најголемиот
македонски увозник на земјоделска механизација и наменски специјални товарни
возила како и еден извозно ориентиран производител на компонентни за
мега-вентилациски системи.
Кои се
најголеми под Пелистер?
Р.Ф.