Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се ТОП 5 македонски рудници? Од продажба наплатија 260 милиони евра во 2024 година!
Економија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Кои се ТОП 5 македонски рудници? Од продажба наплатија 260 милиони евра во 2024 година!

28/05/2025

AA

Источна Македонија има три рударски компании кои располагаат со пет рудници. „Саса“ е прва според приход и профит во апсолутни износи, „Бул Мак 2016“ од Пробиштип има најмногу вработени (804), радовишките рудници заедно имаат поголем приход од „Саса“, а најпрофитабилна рударска компанија е прилепскиот Мермерен комбинат. Нејзината добивка е 47 отсто од приходот лани

Четири мали градови во Источна Македонија и лани создадоа пристојни профити за нивните странски газди. Да, како што претпоставувате, се работи за најголемите македонски рударски компании. Една од Македонска Каменица, една од Пробиштип со два рудници и две компании од Радовиш.

И лани, како и во претходните години, „Саса“ е најбогатата и најголема компанија во македонското рударство. Нејзиниот приход од продажба на олово-цинков концентрат изнесува 92,2 милиони евра. Од тоа како профит на компанијата и останале 13,9 милиони евра. „Саса“ лани вработувала 779 лица и е најголем работодавач во каменичко-пијанечкиот регион на крајниот исток на Македонија.

Македонска Каменица има околу 6.500 жители според последниот попис во 2021 година. Повеќе од 30 отсто од работоспособното население кое живее во тој регион директно или индиректно егзистира од Рудници „Саса“. Но, и покрај тоа Македонска Каменица не е омилено место за живеење, дури и напротив. Стапката на иселување е висока иако рудникот плаќа редовно и пристојно…

Втор на рударската ранг листа според приходи е најмладиот македонски рудник,  кој е во експанзија, а тоа е рудникот за бакарна руда „Боров дол“ од Радовиш. Оваа компанија е наследникот на „Бучим“, која со десетлетија наназад е најголемата радовишка компанија.

„Боров дол“ е всушност новиот коп за бакар на компанијата што години наназад го експлоатира националното рудно богатство – бакарот во тој македонски регион. Приходот на „Боров дол“ лани надминаа 67 милиони евра, а неговата добивка надмина 13 милиони евра. Споредбата со „Саса“ покажува дека „Боров дол“ е најпрофитабилна рударска компанија во Источна Македонија.

Неговата профитна маргина е 19,5 отсто, а таа на „Саса“ изнесува 15 отсто.

„Бучим“ се повеќе паѓа во сенка на помалиот, но веќе посилен брат „Боров дол“. Лани направил приход од 35 милиони евра, а добивката изнесува 5 милиони евра.

Двата радовишки рудници лани заедно вработувале над 650 лица. Од нивните приходи во економијата на градот Радовиш влегле повеќе од 100 милиони евра.

Најстарата македонска рударска компанија, која од 2016 година се вика „БулМак“ (порано „Рудници Злетово“) е со најмали приходи во конкуренција на другите рудници во Источна Македонија. Тоа што во бившата СФРЈ беше синоним за силна рударска компанија втора во тогашната држава, по словеченката општина Целје е само сенка на „Саса“ која создава оловно-цинкова руда исто како и злетовската компанија која под свое освен „Злетово“ го има рудникот во близина на Крива Паланка (поранешна „Тораница“). Ако е за утеха „БулМак“ е најголема рударска компанија во Македонија од аспект на број на вработени лица – 804. Лани „Бул Мак 2016“ има приход од 32,9 милиони евра и добивка од 320.000 евра.

Највисока профитабилност на најмал приход во големата рударска петорка  покажува најголемиот македонски рудник за мермер – прилепскиот Мермерен комбинат. Ова друштво лани имало стапка на профитабилност од 47 отсто колку што од неговите приходи останале како добивка.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНИЈА ВО ЖОЛТА И ВО ПОРТОКАЛОВА ФАЗА Врнежите носат голем

26/01/2026
Македонија

ЌЕ СВЕДОЧАТ ПЕТМИНА ОШТЕТЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ Продолжува

26/01/2026
Македонија

Таравари удира по „Безбеден град“: Се крши Законот за јазици,

25/01/2026
Македонија

Тотална блокада од утре напладне: 370 камиони ги затвораат сите

25/01/2026
Македонија

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДОЖД И СНЕГ Циклон носи обилни врнежи,

25/01/2026
Македонија

СО 3,15 ПРОМИЛИ УДРИЛ ВО ОБЈЕКТ И ПОБЕГНАЛ Пет лица

25/01/2026
Македонија

МАЛОЛЕТНИК ЗАД ВОЛАН ПРЕДИЗВИКА ХАОС Пешак се бори за живот

25/01/2026
Македонија

НА ВЛАСТ ДРУГАРУВАА ЗА КРИМИНАЛНИ ШЕМИ, А СЕГА СЕ ПРОТИВ

25/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40608
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНИЈА ВО ЖОЛТА И ВО ПОРТОКАЛОВА ФАЗА Врнежите носат голем ризик од поплави

26/01/2026

Целата територија на Македонија денеска ќе биде во жолта и во портокалова предупредувачка фаза поради очекуваните обилни дождови, на планините

ЌЕ СВЕДОЧАТ ПЕТМИНА ОШТЕТЕНИ ВО ПОЖАРОТ ВО ДИСКОТЕКАТА „ПУЛС“ Продолжува судењето за предметот „Кочани“

26/01/2026

Со искази на сведоци, оштетени во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска во големата судница на Кривичниот суд во

Таравари удира по „Безбеден град“: Се крши Законот за јазици, казните се превисоки – следува

25/01/2026

Крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари излезе со остри критики за начинот на кој се спроведува проектот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy