Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Фактор анализа“: Кои се најголеми, а кои најуспешни компании во Охрид?
Економија

„Фактор анализа“: Кои се најголеми, а кои најуспешни компании во Охрид?

15/05/2023

AA

Економски мит е фразата дека Охрид е туристички бренд на Македонија. Тоа го покажуваат најновите податоци за економската „крвна слика“ на најубавот македонски град. Во најголемите десет охридски компании ниту една не се занимава со туризам. Исто е и со најуспешните, и таму нема ниту една хотелиерска компанија

Дали е Охрид град што живее од туризмот? Древниот центар на словенската писменост низ децениите изгради имиџ на туристички бренд на Македонија. Цркви, манастири, Варош, Потпеш, страотниот поглед од Канео, универзитетот на Свети Климент, куќата на Робевци, чудесните Трпејца, автокампот Љубаништа, фасцинантните извори на Дрим и безвременскиот Свети Наум, феноменалната тераса на „Инекс Горица“. Охридски бисери, уникатна староградска музика. Ресторанот „Далга“, клубот „Џез Ин“, погледот од Велестово… и уште што не… Но дали Охрид живее од туризам? Не! Во најголемите охридски фирми нема ниту една чија дејност е хотелиерство и угостителство…

Охрид не е туристички град иако има таков имиџ. Ова го потврдуваат фактите кои ги генерира охридската економија, а таа покажува дека Охрид, по оставината од гиганот ЕМО останува град на лесната метална индустрија, а во најголемите фирми места пополнуваат компании за трговија и производство на храна.

На ранг листата на најголеми убедливо предничат филијалата на меѓународната корпорација од автомобилската супортерска индустрија „Костал Македонија“ и охридската ЛТХ Леарница.

Костал Македонија е најголема компанија во охридскиот регион. В0 2022 година оствари приходи од 118,4 милиони евра, но годината за заврши со загуба од 236.000 евра. Костал Македонија лани беше убедливо најголем работодавец во тој регион со 985 вработени.

ЛТХ Леарница е втора најголема орхидска компанија која е дел од словенечката групација „ЛТХ Кастингс доо“ која е специјализирана за леење, обработка и монтажа на комплексни алуминиумски компонентни наменети пред се за глобалната автомобилска индустрија.

Во врска со улогата на туризмот во охридската локална економија издвојуваме дека лани најголема хотелиерска компанија на охридското крајбрежје беше најголемата хотелиерска компанија „Хотели Метропол“ со вкупен приход од 2,8 милиони евра и добивка од 90.000 евра.

Р.Ф.

Податоците се од ЦРМ.
TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026
Македонија

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ

25/09/2026
Македонија

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ

25/09/2026
Македонија

🎥 (ВО ЖИВО) МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО

25/09/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ПОКРЕНА ИСТРАГА ЗА ГОЛЕМИОТ ШВЕРЦ НА ЦИГАРИ Меѓу 19-те

25/09/2026
Македонија

САШО МИЈАЛКОВ НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО БАРУТАНА Демантирани тврдењата на

25/09/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ДА ПРОДЛОЖАТ, А НАПРЕДОКОТ КОН ЕУ ДА БИДЕ ЗАСНОВАН

25/09/2026
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45810
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА КОСОВО УАПСЕН УБИЕЦОТ ОД ПЛАСТИЧАРСКА Застрела 26-годишик и побегна

25/09/2026

Во Косово денеска е уапсен Рами Кучи, првоосомничениот за убиството на 26-годишниот А.М., кое се случи на 6 септември во

САКАМЕ КОМПРОМИС ЗА ЕУ КОЈ ЌЕ НИ ДОНЕСЕ ПРЕДВИДЛИВ ПАТ Петрушевски за говорот на Мицкоски

25/09/2026

Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во гостување на телевизија Алфа во емисијата „Колегиум”, го коментираше обраќањето на претседателот на Владата,

🎥 МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ЗНААТ КАДЕ ПРИПАЃААТ – СО НАТО, ЕУ И СО САД Мицкоски од

25/09/2026

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска, во своето обраќање пред Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, ги претстави трите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy