Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР АНАЛИЗА: Дали требаше да поскапи лебот? Еве колку заработуваат најголемите пекарници во Македонија
Економија

ФАКТОР АНАЛИЗА: Дали требаше да поскапи лебот? Еве колку заработуваат најголемите пекарници во Македонија

19/06/2024

AA

Mелничко пекарската агроиндустрија веќе објави дека за нешто над 10 отсто е поскапен лебот поради тоа што има зголемување на цената на суровините на берзите, односно поскапеле пченицата, а со тоа и брашното. 

На ваквата одлука влијаело, како што рекоа од таму, порастот на минимална плата и останатите трошоци за работниците. Транспортот и електричната енергија се исто така многу важен сегмент во формирањето на цената на пекарските производи.

Поскапе белиот и полубелиот леб. Дел од компаниите ставија нови, повисоки цени за 10 до 15 отсто. Па така, лебот што се продаваше за 29 денари, сега чини 33. Некои од пекарите веќе ги поскапеа и белите печива како ѓеврекот, переците и кифлите.

Во овој период има препукување помеѓу првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, и сопствениците на мелничките капацитети за цената на електричната енергија како аргумент во прилог на поскапувањето. Бислимовски е убеден дека тоа е, како што рече, „најбезобразна шпекулација“, затоа што овие друштва струјата ја купуваат од слободниот пазар и таа како инпут во моментов е значително поевтина во однос на претходните години.

„Фактор“ ги обезбеди приходите и добивките за 2023 на најпознатите компании за производство на леб и други печива. Приходите се доста високи, но од добивките може да се заклучи дека профитните маржи се минимални. Треба да се каже дека некои од овие компании, покрај производство и продажба, се занимаваат и со други дејности како транспорт и кетеринг. А.К.


Извор: Централен регистар

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Работната група на Македонија и Бугарија постигна согласност за активностите

30/07/2026
Македонија

АЛАРМ ЗА ТОПОЛ БРАН: Следува сончево и многу топло време

30/07/2026
Македонија

Во Гостивар 73 пациенти побарале лекарска помош, четворица хоспитализирани

30/07/2026
Македонија

Полициска акција во гостиварско: Приведени 15 странски државјанки

30/07/2026
Македонија

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над

30/07/2026
Македонија

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен

30/07/2026
Македонија

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44757
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Работната група на Македонија и Бугарија постигна согласност за активностите за изградба на прекуграничниот железнички

30/07/2026

Денеска во Софија се одржа првиот состанок на работната група на Македонија и Бугарија, посветен на подготовка и реализација на

АЛАРМ ЗА ТОПОЛ БРАН: Следува сончево и многу топло време – температурите ќе надминат 40

30/07/2026

Под влијание на изразено топла воздушна маса што пристигнува од југ, нашата земја ја зафаќа нов топлотен бран. За време

Во Гостивар 73 пациенти побарале лекарска помош, четворица хоспитализирани

30/07/2026

Вкупно 73 граѓани вчера побарале медицинска помош во јавните здравствени установи во Гостивар, информираат од надлежните служби. Во Општата болница

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy