Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ЕВТИНАТА ДНЕВНА ТАРИФА НА СТРУЈАТА ОСТАНУВА, НИЕ ПОДДРЖУВАМЕ СЀ ШТО Е ДОБРО ЗА ГРАЃАНИТЕ“ – министрката за енергетика за Бизнис муабети на Фактор
Економија

„ЕВТИНАТА ДНЕВНА ТАРИФА НА СТРУЈАТА ОСТАНУВА, НИЕ ПОДДРЖУВАМЕ СЀ ШТО Е ДОБРО ЗА ГРАЃАНИТЕ“ – министрката за енергетика за Бизнис муабети на Фактор

27/09/2024

AA

Многу пати помислила, односно се запрашала себе си, штго ли и требало да ја прифати функцијата министерка за енергетика во земјава. Сепак, не сметала за себе дека е едно од „најзборуваните“ имиња во македонската јавност, бидејќи, како што вели, поради бројните министерски обврски, ретко има време да вклучи телевизор во својот дом. 

Откако 26 години живееше и работеше во странство, во март годинава се врати во Македонија, влегувајќи во еден од најтешките и најпредизвикувачките сектори во земјава, енергетиката. 

„Имам чешки и македонски пасош. Во еден период од животот, како и многу Македонци, од економсмки причини имав и бугарски пасош, но јас сум една од ретките наши граѓани која се откажала од тој пасош, сум го вратила државјаноството, и немам повеќе валидна исправа, ниту бугарски пасош, ниту лична карта. Но, никој не се занимава со тоа што имам чешки пасош“, вели меѓу другото Божиносвка, во поткастот Бизнис муабети, кој денеска ексклузивно го емитуваме на Фактор. 

Едно од прашањата на водителот Мишко Иванов беше дали новата власт ќе ја укине евтината дневна тарифа на струјата. 

„Се што е добро за граѓаните, ние го поддржуваме. Тоа го покажавме и пред да бидеме Влада со тоа што дадовме иницијатива со која не се зголеми цената на електричната енергија, односно се зголеми само минорно. Така што, евтината дневна тарифа на струката, немаме никакви планови да ја укинеме, и не сме ни дискутирале на таа тема“, вели Божиновска.

За оваа и за многу други теми од делот на приватниот живот, имотот, за проблемите во енергетскиот сектор, но и за бројните неправилности направени во текот на работењето на претходната власт, гледајте ја ексклузивно Божиновска во поткастот Бизнис муабети на порталот Фактор, прво интервју направено како министерка за енергетика во земјава. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy