ЕВРОСТАТ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Koја држава издвојува најмногу пари за здравствената заштита на граѓаните?
Според Евростат, Луксембург најмногу издвојува за здравствената заштита на граѓаните.
Потоа следат Данска и Ирска, покажуваат податоците на европската статистичка служба Евростат. Во ЕУ во 2022 година просечно се издвојувале 3.685 евра по жител, вклучувајќи ги и буџетските распределби и сите форми на здравствено осигурување. Во Луксембург се издвојувале 6.590 евра, во Данска – 6.110 и во Ирска – 5.998 евра.
Податоците се однесуваат на здравствените услуги што им се пружат на граѓаните, а не се вклучени капиталните инвестиции во здравството. Тие не го опфаќаат извозот на здравствени добра и услуги, туку го вклучуваат увозот наменет за здравствена заштита на граѓаните.
foto freepik.com/bristekjegor