Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Европскиот суд пресуди: Сексуалните односи не се брачна обврска!
Македонија

Европскиот суд пресуди: Сексуалните односи не се брачна обврска!

24/01/2025

AA

Европскиот суд за човекови права ослободи од обвинение 69-годишна Французинка, која француски Суд ја прогласи за „виновна“ за нејзиниот развод затоа што одбивала да има сексуални односи со сега веќе поранешниот сопруг.

Судот за човекови права пресуди во корист на Французинката со образложение дека судовите во Франција „го прекршиле нејзиното право на почитување на приватниот и семејниот живот“.

– Судот заклучи дека инсистирањето на таква брачна обврска е во спротивност со сексуалната слобода и правото на телесна автономија, се вели во пресудата на Европскиот суд.

Станува збор за случај во кој жената се развела од нејзиниот сопруг „врз основа на нејзина вина“, бидејќи, како што пресуди француски Суд, престанала да има сексуални односи со него.

Жената во жалбата пред Судот за човекови права не ја оспори одлуката за развод на бракот, туку основата врз основа на кој тој бил одобрен.

Таа и нејзиниот поранешен сопруг се венчале во 1984 година и имале четири деца, од кои едното било со хендикеп, поради што Французинката морала постојано да се грижи за него, што, според неа, и претставувало дополнителен стрес и напор во бракот. Таа престанала да има секс со сопругот во 2004 година поради, како што тврди, здравствени проблеми и злоупотреба од негова страна.

Врз основа на „одбивањето на сексуални односи“ од страна на жената, француски Суд одобрил развод на бракот во 2012 година, но Французинката незадоволна од таквата одлука поднела жалба со цел да биде ослободена од вината за распадот на бракот. По исцрпувањето сите правни можности во Франција, жената во 2021 година поднела жалба пред Европскиот суд за човекови права.

Адвокатката на Французинката, Лилија Мисен изјави дека пресудата на Европскиот суд за човекови права може да претставува пресвртница во однос на правата на жените во Франција и да стави крај на праксата жените да бидат обвинувани за разводите.

– Судовите конечно ќе престанат да го толкуваат францускиот закон низ призмата на канонското право и да им наметнуваат на жените обврска да имаат сексуални односи во бракот, рече Мисен.

Француското правосудство не ја коментираше пресудата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се уште се вршат претреси низ Македонија, имало организиран илегален

24/04/2026
Македонија

Трагедија во Кисела Вода: Градежни работници затрупани при ископ на

24/04/2026
Македонија

СДСМ НАПРАВИ ИСТОРИСКА КАПИТУЛАЦИЈА ПРЕД БУГАРИЈА Многу политички елити мандатите

24/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ДА НЕ ПАНИЧИ, ПРЕД СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ ЌЕ ИМА ТЕХНИЧКА

24/04/2026
Македонија

Дисциплинска комисија на ФФМ: Башкими суспендиран четири меча поради инцидентот

23/04/2026
Македонија

30 дневен притвор за Муамед Сејдини

23/04/2026
Македонија

СУДОТ ОДОБРИ ПРИТВОР ЗА ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ФФМ Самоволно уплатил

23/04/2026
Македонија

Мицкоски потврди: Арбен Фетаи заминува во Брисел, реконструкцијата на Владата

23/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42839
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy