Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Европски сојуз за променa: За 4 години владеење, Артан Груби инвестирал 25 милиони евра во опрема за казино
Македонија

Европски сојуз за променa: За 4 години владеење, Артан Груби инвестирал 25 милиони евра во опрема за казино

16/01/2024

AA

Од ЕВропски сојуз за промени велат дека сиромаштијата секојдневно се зголемува, криминалот и корупцијата цветаат, образованието се распаѓа, но бројот на казина се зголемува.

Според нив, ова е дволичната политика на Артан Груби и ДУИ на Али Ахмети.

„Неодамнешните постапки докажуваат дека главен непријател на граѓаните, особено на Албанците, е дволичната политика на ДУИ. Со притисок на опозицијата и движењето „Anti-Bixhoz“ се донесе закон со кој казината ќе се обврзат да бидат на соодветна оддалеченост од училиштата. ДУИ истрча да земе заслуга за ова, дека наводно добро ја завршила работата, но и да се обиде да ја прикрие финтата што им ја прави на граѓаните. За каква дистанца зборува ДУИ, кога на точно 30 метри од местото каде што сме, зграда која со години беше универзитет, денеска е казино.

ДУИ во јавноста се преправа дека е против казината, но со закон овозможи онлајн казината да влезат во секој дом и во секој телефон на секој граѓанин.

Од друга страна, додека децата во училиштата со години немаат книги, Владата на Али Ахмети и Артан Груби, сега со потпис на Прпарим Бајрами, само во јануари 2024 година, ќе се испорачаат 500 казино уреди и 500 нови столици за во казино, како и за рекламирање.
Функционерите на Али Ахмети ја прават првата инвестиција годинава, од 5 милиони евра за казина, а нема сомнеж дека овие тендери се подготвувале за криминални бизнисмени од БЕЛГРАД.

Сега ДУИ не функционира само од една институција како што е ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА, туку со две институции, како што е НОВО ВЛТ (Нова Државна Лотарија) раководена од Омер Буњаку, Прпарим Бајрами и Артин Спахиу, трите жртви на Артан Груби.

Од овие 2 институции прават пустош со корупција, скандали и уништување на Албанците.

Замислете, Артан Груби за 4 години владеење потроши 25 милиони евра за опрема и апарати за казино, додека во албанските населби не се отвораат градинки и училишта, не се промовираат книги, не се зборува за театар и култура, туку се зборува само за лотарии, казина и коцкање.

Ова е ДУИ на Али Ахмети, кои додека зборуваат за национални дела заедно со Артан Груби го уништуваат албанското општество!“, велат од ЕСП.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy