Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Чичко ми е вработен во М-НАВ пред да се родам, а внукот е школуван во Јапонија, Кина и Словенија“, вели Николовски
Македонија

„Чичко ми е вработен во М-НАВ пред да се родам, а внукот е школуван во Јапонија, Кина и Словенија“, вели Николовски

16/01/2024

AA

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска пред медиумите истакна дека нема никаква врска со вработувањата на неговите чичко и внук во М-НАВ.

Тој изрази жалење за, како што рече, медиумите наместо да се интересираат за темите од земјоделството кое е основа на македонската економија, тие се обидуваат директно да шират лаги и невистини.

„Не коментирам дали нечија фирма е семејна, ваква или онаква. Тоа не е моја работа. Моја работа е да работам чесно, стручно, искрено, отчетно и професионално. Платен сум да се грижам за македонското земјоделство, да работам во интерес на земјоделците и медиумите треба да обрнат поголемо внимание на тоа. Уште еднаш ќе повторам, чичко ми е вработен во М-НАВ уште пред да се родам, а внукот е школуван 20 години надвор од државата, во Јапонија, Кина и Словенија. Знате за каков кадар станува збор? За највисокот стручен кадар. Чичко ми работел во М-НАВ уште пред 40 – 50 години, зарем мислите дека некој што не е роден може да влијае на некој што стручно се усовршувал и се вработил пред 1983 година? И тоа ви е најбитната тема? Зошто не бевте на брифингот кога го заокружувавме сработеното во земјдоелството за 2023 година? Не е убаво да праќате порака дека квалитетот не треба да се цени. Треба да ги отвориме вратите, секој да има еднакви шанси, а јас не сум влијаел. Имаше и постапка во ДКСК која е комплетно затворена. Вие може да проверите низ сите инстиуции каква била постаpката и дали станува збор за некој што не е квалификуван или школуван и дали доаѓа во областа што треба“, истакна Николовски.

Тој вели дека земјава треба да има професионална администрација и да се обезбеди шанса на секого.

„Од што се незадоволни младите? Од тоа што немаат шанса, а јас имам докажано дека вработените во мојот Кабинет како вицепремиер за борба проитв корупција ниту ги имам бирано, ниту имам влијаено, туку ги запознав дента кога завршија сите постапки и со тоа дадовме пример дека може да се стави крај на непотизам, партиски влијанија и партизација. И во МЗШВ ја отворивме вратата за студенти, за 50 млади за кои немам никакво влијание, ниту знам кои се и како се. Важно е дека се стручни и професионални, одработија најдобро и на новиот модел и на новата реформа. За разлика до овој наратив, се борам секој млад човек да остане тука, а не да го демотивираме и да пратиме порака: „тука не бива – бегајте“. Жалам што наместо да се интересирате за темите од делот на земјоделството, се обидувате директно да ширите невистини и лаги. Имавме брифинг за новинарите и жалам што во годината на над 100 проекти тие не се промовираа“, порача министерот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45877
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува нова систематизација, ССНМ застана зад

29/09/2026

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази загриженост поради најавите од ТВ Телма за отпуштање новинари и медиумски

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy