Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВН, ЕСМ Продажба или некој друг: Владата подготвува нов повик за универзален снабдувач
Економија

ЕВН, ЕСМ Продажба или некој друг: Владата подготвува нов повик за универзален снабдувач

06/10/2023

AA

Владата подготвува нов повик за избор на универзален снабдувач со електрична енергија на домаќинствата и малите потрошувачи во земјата, бидејќи следната година му истекува петгодишниот договор на ЕВН.

На 1 јули 2019 ЕВН, како победник во наддавањето со понуда на најниска маржа, за прв пат започна да работи како универзален снабдувач со струја за сите потрошувачи кои не излегуваат на слободниот пазар, односно остануваат на регулираниот.

Од Владата велат дека Регулаторна комисија за енергетика и  Министерството за економија во моментов изготвуваат критериуми за избор на универзален снабдувач пред да започне постапката за избор на универзален снабдувач, но со оглед на тоа што и натаму трае енергетска нестабилност и неизвесност, не е познато колкаво ќе биде домашното производство на струја што ќе треба да биде предадено на годишно ниво.

– Ви посочуваме дека согласно Законот за енергетика, АД ЕСМ има обврска секоја година да го намалува процентот на електрична енергија која ќе ја понуди на универзалниот снабдувач, колку за потсетување и во минатата година АД ЕСМ требаше да обезбеди само 60 отсто, меѓутоа поради зачувување на стандардот на граѓаните, и прогласената електроенергетска кризна состојба во државата, АД ЕСМ доби задолжение да ги обезбеди сите потреби на граѓаните, малите потрошувачи а и за дејностите од јавен интерес и таргетираните дејности. Треба да се има во предвид дека интересот на граѓаните секогаш ќе биде на прво место и соодветно ќе бидат и креирани мерките за граѓаните во однос на обезбедувањето на електричната енергија, гласи одговорот кој го добивме од Владата.

Првиот повик беше објавен во септември 2017 со право на аплицирање на сите 28 тогашни компании кои што имаа лиценца за снабдување со електрична енергија, но со обврска да понудат најмала профитна маржа, да прикажат работен капитал од 20 милиони евра и да располагаат со систем за фактурирање и наплата.

Во февруари 2019, ЕВН понуди најниска маржа од 11,5 проценти, по почетната од 14,4 проценти, а вториот понудувач беше ЕСМ Продажба. ЕВН започна да работи како универзален снабдувач на 1 јули 2019.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy