Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВЕ ЗОШТО Е ТОЛКУ ТЕШКО ДА СЕ ДОЈДЕ ДО ПЕНЗИЈА: Ревизија го подбра ПИОМ
Економија

ЕВЕ ЗОШТО Е ТОЛКУ ТЕШКО ДА СЕ ДОЈДЕ ДО ПЕНЗИЈА: Ревизија го подбра ПИОМ

29/03/2023

AA

Државниот
Завод за ревизија направи ревизија на
работењето на Фондот за пензиско и
инвалидско осигурување на Македонија.

Како што е
објавено во извештајот, ПИОМ има доста
сериозни проблеми со работењето, што
директно влијае на остварувањето на
правото на пензија на идните корисници
на пензија, а истите препораки и насоки од ревизија, и минатата година била упатени, но ништо не било решено. 

Според
извештајот, ревизорите утврдиле слабости
во чувањето и архивирањето на податоците
во матичната евиденција. Со тоа, се
оневозможува потврдувањето на
веродостојноста и целосноста на
регистрираните податоци, потребни за
остварување на правата од пензиско
инвалидското осигурување.

Се работи за
регистрираниот недостиг на стручен и
обучен кадар за актуарство, како и за
постојаниот одлив на вработени од ИТ
секторот и внатрешната ревизија. Тоа,
пак, „влијае на развојот на актуарски
и пензиски предвидувачки капацитети,
функционирањето на информацискиот
систем и ажурноста на сите воспоставени
системи и ефективноста на системот за
внатрешни контроли“.

Се укажува
и на фактот – зголемените приходи не
се доволни за покривање на дефицитот
за исплата на социјални бенефиции во
2021 година, кои се одвојуваат од државниот
буџет и учествуваат со 37,5 отсто во
вкупните приходи на Фондот.

Дел од
осигурениците, се вели во извештајот,
не можат да ги остварат сопствените
права, поради одредени пропусти.
Конкретно, остануваат нераспоредени
средства на уплатната сметка од наплата
придонес за ПИОМ, кои Фондот не може да
ги користи, затоа што изостанале соодветни
податоци за вработување и регистрација
на обврзниците. А, има и грешки при внесот
од страна на други институции. Во тие
рамки забележано е и ненавремено
доставување информации од надлежните
институции за промена на статусот на
осигурениците. Тоа, велат ревизорите,
„има за последица неоснована исплата
на пензии, за кои се евидентираат
побарувања од граѓани“, но и низок
процент на поврат на вишокот исплатени
средства.

Ревизорскиот
извештај упатува и на тоа дека извршители
неосновано повлекле пари од сметката
на ПИОМ. Станува збор за налози за
извршување, во кои како должници се
јавуваат корисници на пензија. Исто
така, се забележува и на континуираното
вршење активности од страна на Фондот
поврзани со реализација на налозите за
извршување.

ПИОМ во
соработка со надлежните институции да
преземе активности за обезбедување на
потребните кадровски капацитети, но и
за развој на актуарски и пензиски
предвидувачки капацитети преку
координирани активности за носење
законски решенија. Со кои, велат
ревизорите, ќе се придонесе за намалување
на паричната маса за исплата на социјалните
бенефиции. Потребно е да се средат
работите при утврдувањето на придонесот
од ПИО и уште повеќе, да се извршува
целосна наплата. Се со цел стабилизација
на пензискиот систем и намалување на
буџетските трансфери.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy