Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВЕ ШТО ЗНАЧИ ПОЛАРНАТА СВЕТЛИНА НА НЕБОТО НАД БАЛКАНОТ: Не мириса на добро, зимата ќе биде поларна
Регион

ЕВЕ ШТО ЗНАЧИ ПОЛАРНАТА СВЕТЛИНА НА НЕБОТО НАД БАЛКАНОТ: Не мириса на добро, зимата ќе биде поларна

07/11/2023

AA

Аурора бореалис, попозната како поларна светлина, во некои делови на Војводина создаде спектакл на небото каков што ретко се гледа на нашите простори. Феноменот во кој небото блеска и проткаено со светли нијанси најчесто се забележува во скандинавските земји, во Русија, во Алјаска, Исланд, а кај нас ги шокираше мештаните од Сомбор, Врбас, Нова Црња, Вршац, Бачка Паланка и други места во Војводина.

Медиумите од БиХ и Хрватска јавија дека поларната светлина е забележана и во овие земји. Инаку, станува збор за уникатен феномен, поларната светлина, која настанува поради силна сончева бура, а наводно ја најавува зимата со температури до минус 20 Целзиусови степени.

– Аурора бореалис вчеравечер можеше да се види и во Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Црна Гора.

Поради силните соларни бури, поларната светлина е видлива речиси до самиот југ на Европа, а може да биде така и следната вечер – објави во неделата вечерта порталот Hailz Србија.

Метеорологот Иван Ристиќ вели дека Сонцето има свои периоди на активност на секои 11 години.

– Кога сончевата активност ќе го достигне својот максимум, има големи ерупции на плазмата и самиот центар на Сонцето. Дел од таа плазма ја напушта сончевата орбита и, кога ја напушта, се нарекува сончев ветер. Сончевиот ветер патува низ нашиот Сончев систем и дел од тие плазма честички стигнуваат до Земјата, каде што магнетното поле го насочува кон север и југ, кон половите. Аурора бореалис постои и на северниот и на јужниот пол – објаснува Ристиќ.

Сончев удар на електрониката

Истовременото појавување на поларни светла и магнетни бури во високата атмосфера доведува до индукција на силни електрични струи на повисоки надморски височини.

Последица на ова може да биде индукција на висок електричен потенцијал кај металните спроводници на површината на Земјата, како што се телефонските и електричните кабли и делови од оние слоеви на Земјата кои содржат многу метал. Во врска со ова, има нарушувања како што се изгорени осигурувачи на електрични инсталации, прекин на телефонските врски или далечински пренос на електрична енергија, пречки во радио преноси и слично.

Рускиот институт за геофизика откри силни нарушувања во магнетното поле, што може да предизвика проблеми со електронските системи.

ФОТО:Принтскрин Фејсбук Славчо Попоски

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy