Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ТЕТОВО 4,1 МИЛИОНИ, ЖЕЛИНО 353 И ВИНИЦА 41 ИЛЈАДИ ЕВРА – државата им даде обврзници за да се раздолжат, еве што можат да направат фирмите доверители
Економија

ТЕТОВО 4,1 МИЛИОНИ, ЖЕЛИНО 353 И ВИНИЦА 41 ИЛЈАДИ ЕВРА – државата им даде обврзници за да се раздолжат, еве што можат да направат фирмите доверители

07/11/2023

AA

Тетово 4,1 милиони евра, Желино 353 илјади
и Виница 41 илјади евра. Толку пари добија од државата три македонски општини – за полесно да ги подмират своите долгови кон доверителите, кои ги таложеле долг
период наназад и никако не успеале да ги исплатат.

Всушност, државата издаде структурни
обврзници за овие општини, што практично значи дека таа ги презема општинските
долгови, а потоа локалните власти ќе се раздолжуваат кон неа постепено, во
следните десет години.

Општините со потпишување
на договорите, издадените обврзници можат да ги користат за исплата на своите обврски кон доверителите, без оглед дали станува збор за долгови за
струја или било какви други услуги што тие ги користеле или набавки што ги
вршеле. Со овие структурни обврзници фирмите доверители имаат неколку опциии,
односно или можат да ги подмират своите долгови за ДДВ или за данок на добивка
кон УЈП, или, пак, можат и да ги продадат преку Берзата, но таму нема да ја
добијат полната вредност, туку ќе мораат да ги продадат со извесен дисконт, или,
пак, да чекаат 10 години и потоа да си ги добијат сите пари одеднаш од своето
побарување.

Овие структурни обврзници од вчера почнаа
да котираат на Берзата, а дали ќе има интерес некој да ги продава или
некој да ги купува, односно дали ќе има продажни и куповни налози, ќе се види
во наредниот период.

Она што е интересно дека овие структурни
обврзници не носат никаква камата, а така е наведено и во проспектите за нивно
издавање. Тоа значи дека нивните иматели, односно фирмите доверители, нема да добијат
камата за овие свои хартии од вредност.

Општините, пак, во следните десет години ќе
треба да и ги вратат парите на Владата, на десет еднакви рати.

Структурните обврзници биле издадени на 29
септември, а нивниот рок на доспевање е исто така 29 септември 2033 година.  

Инаку, во проспектите е наведено дека издавањето
на структурните обврзници се врши согласно со Законот за финансирање на
единиците на локалната самоуправа, и дека согласно тој закон општините поднеле
барање за „намера за користење средства за регулирање на пријавените доспеани,
а неплатени обврски на општината“.

Структурните обврзници се хартии од вредност
кои гласат на име, во денарска валута, и се неограничено преносливи, а издавач
е Република Северна Македонија.

Согласно проспектот, „номиналниот износ на
структурните обврзници ќе им се исплати на имателите на последниот ден од
десетатата година од денот на региструирање на обврзницата во Централниот
депозитар за хартии од вредност, а средствата се обезбедуваат од државниот
Буџет“.

Ова значи дека ако фирмите на кои општините
им должеле сакаат да си ги земат сите пари, ќе мора да чекаат 10 години,
односно до 2033 година. А, треба да се има и предвид дека побарувањата врз
основа на структурните обврзници застаруваат во рок од една година од денот на
достасување.

Но, ако не сакаат да чекаат, фирмите ќе
можат и да ги продадат структурните обврзници преку Берзата, но тоа нема да
биде по номиналната вредност, туку со одреден дисконт. Односно, со структурните
обврзници ќе се тргува и на секундарниот пазар на Македонската берза, а тоа ќе
важи и за домашни и за странски лица.

„Тргувањето со обврзницата што котира на
Македонската берза се врши врз основа на пазарна цена. Плаќањето по извршеното
купување на структурната обврзница на секундарниот пазар се врши по цената по
која се тргувало на берзата“, се нагласува во проспектот.

Тоа значи дека фирмите доверители ќе можат
да ги продадат обврзниците преку Берзата, но во тој момент нема да си ги земат
сите пари од своето побарување, туку од дел од нив ќе мораат да се откажат.

А, постои и трета опција, со нив да се
плати даночен долг.

„Имателите на структурните обврзници може
да ги употребат за подмирување на обврски кон Управата за јавни приходи,
односно за плаќање на доспеан даночен долг по основ на ДДВ (освен на ДДВ при
увоз) и данок на добивка“, се вели во проспектот и се додава дека начинот како
ова ќе се реализира подетално се регулира со Меморандум за соработка склучен
меѓу Министерството за финансии, УЈП и Централниот депозитар за хартии од
вредност.

Како што велат познавачите, се очекува дека
компаниите доверители со овие обврзници главно ќе си ги регулираат своите
обврски за даночен долг кон УЈП.

Од Министерството за финансии неодамна
изјавија дека со структурните обврзници им се овозможува на општините репрограмирање на обврските, но и можност
за консолидирање на своите буџети и можност да се фокусираат на
својот развој. 

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy