Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ХРВАТСКА: Ниските плати и немањето работа сезонски ги „иселија“ младите
Регион

ЕВЕ КОЛКУ МАКЕДОНЦИ РАБОТАТ ВО ХРВАТСКА: Ниските плати и немањето работа сезонски ги „иселија“ младите

12/09/2023

AA

Немање перспектива, лоша општа клима, ниски плати, кршење на работничките права… – ова се само дел од двигателите на се помасовното иселување на младите и образовани луѓе од Балканот. Сепак има и земји од Балканот кои се атрактивни за жителите на посиромашните балкански земји, па младите заминуваат на работа таму.

Според деталната анализа, во Хрватска во првите седум месеци се издадени над 100.000 работни дозволи за странци. Во набљудуваниот период, најмногу дозволи се издадени на државјани на Босна и Херцеговина – 25.213. Граѓаните на Србија се на второ место со 17.395 издадени одобренија, додека на трето место се Непалците – 13.325. На четврто место се граѓаните на Македонија на кои им се издадени 10.322 работни дозволи. 

Според статистиката, во Хрватска во седумте месеци од годинава нов дом нашле 8.242 Индијци, а нешто помалку од Индијците во соседна Хрватска пристигнале косовски државјани. Издадени им се 6.524 лиценци за различни работни места. Меѓу 10-те земји од кои работниците решија да се иселат и да најдат подобра иднина во Хрватска се Филипините, Бангладеш, Турција и Албанија.

Водечка гранка за која се издадени дозволи е градежништвото со издадени 39.146 одобренија, додека на второ место е секторот туризам и угостителство со 37.022 одобренија. Нови работни места во индустријата нашле 13.260 странски работници, во транспортот и врските 5.742, додека во трговијата во Хрватска се вработени 3.094 странци.

Како што е прикажано во инфографикот на Pixsell, од вкупниот број издадени дозволи, 20 отсто се продолжени, додека дури 64,6 отсто се издадени по основа на нови вработувања. Во вкупниот сооднос на сезонски работници тој изнесува 15,3 отсто.

Поради брзото иселување и работодавачите во Македонија се принудени да увезуваат работна сила, а според податоците на Заводот за вработување, само во јуни годинава биле доделени 179 работни дозволи на странски државјани.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

На прославата за 35 години независност се појави знаме со

09/08/2026
Македонија

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот

09/08/2026
Македонија

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026
Македонија

Д-р Мерџановски со апел до младите: Внимателно со скоковите во

09/08/2026
Македонија

Колабирал од жештината додека возел, изгубил свест и удрил во

09/08/2026
Македонија

Со архиерејска литургија и пораки за единство, Велес го прослави

09/08/2026
Македонија

Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба и надвор

09/08/2026
Македонија

Замина легендата на ромската музика: Почина фолк-ѕвездата Џансевер

09/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44939
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

На прославата за 35 години независност се појави знаме со повеќе краци од државното

09/08/2026

Во Охрид вечерва на стадионот „Билјанини извори“, се одржа големиот музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, настан организиран за одбележување на

Проф. д-р Кристоф Бенедиктер ја прими Светската награда на хуманизмот во Охрид

09/08/2026

Професорот д-р Кристоф Бенедиктер денеска во Куќата на МАНУ во Охрид ја прими Светската награда на хуманизмот за 2026 година,

Утре рано наутро авионско прскање против комарци во Велес

09/08/2026

Општина Велес утре во раните утрински часови ќе го спроведе третото авионско третирање против комарци. Со прскањето ќе бидат опфатени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy