
ЕВЕ КОИ КЛУБОВИ ДОБИЈА КЛУЧ НА ВРАТА: Затворени се едни од најпопуларните
Дирекцијата за заштита и спасување затвори повеќе клубови. Според информациите, тие ќе останат затворени се додека не ги исполнат сите услови за работа.
Според Телма, затворени се Станица 26, клубот Маракана, Балет, Пјур , Епицентар.. Според, информации на Телма ова се само дел од познатите угостителски објекти кои добиле забрана за вршење на дејност. Целосно не ги исполнувале мерките за заштита и спасување. Немаат пломба на вратите, но се под клуч. Се додека не ги отстранат недостатоците нема да работат, брифираат истите извори.
Кај некои како на пример Станица 26, има активна лиценца, но треба да достават одредени документи.
Фото:Пиксабеј/ lil artsy