Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОТРЕБА ИЛИ РАСИПНИШТВО? Дирекцијата за индустриските зони ќе потроши „цело богатство“ за нови вработувања и хонорарци
Економија

ПОТРЕБА ИЛИ РАСИПНИШТВО? Дирекцијата за индустриските зони ќе потроши „цело богатство“ за нови вработувања и хонорарци

28/03/2025

AA

Дирекцијата која управува со технолошко-индустриските развојни зони за оваа година ќе потроши „вистинско богатство“ за нови вработувања и привремено ангажирани лица.

Во делот на платите разликите во трошоците би биле огромни за само една година – ако во 2024 биле потрошени 48,5 милиони денари, или околу 800.000 евра за бруто доходите на вработените, за оваа година се испланирани неверојатни 105 милиони денари, а тоа е 1,72 милиони евра и повеќе од двојно. Само во последниот квартал од 2025 би се потрошиле половина милион евра за бруто плати.

Ако годината 2024 била завршена со 77 лица пријавени како вработени, за на крајот на тековната година планот е таа бројка да се зголеми на неверојатни 147 лица. Ова веќе е зацртано во годишниот план и програма.

Покрај тоа, ако во 2024 за привремени вработувања биле потрошени 30 милиони денари, односно околу половина милион евра, за 2025 се планираат 55 милиони денари, сума која се движи кон милион евра..

Дирекцијата на крајот на јануари, како што може да се види од системот за јавни набавки, веќе склучила договор со приватната агенција за вработувања „Мотиви“ во висина од 47,2 милиони денари, во договор кој ќе трае една година и операторот ќе добие 9,5 отсто провизија.

Дополнително, Дирекцијата за ТИРЗ во делот на „договорни услуги“ плаќа меѓународна ревизорска куќа, која е еден вид на работен асистент и помага во делот на работата со документацијата и пресметката за исплатата на државната помош за странските инвеститори во индустриските зони.

„Бројот на корисниците во ТИР зоните континуирано се зголемува и расте, поради што дојде до значајно зголемување на обемот на работа и активностите кои се одвиваат во ДТИРЗ. За да се овозможи постигнување на овие цели и за успешна и навремена реализација на овие активности, потребно е да се регрутира и ангажира дополнителен професионален и стручен кадар во Дирекцијата“, опишано е во финансискиот план и програма за 2025.

Од таму додаваат дека со законски измени на дирекцијата ќе и следуваат нови надлежности поради што било потребно кадровско доекипирање и „обезбедување на соодветен човечки капацитет за професионално и стручно извршување на овие активности“.

„Потребно е да бидат реализирани нови вработувања во ДТИРЗ, поради што во зависност од одобрените финансиски средства од Министерството за финансии се планира спроведување на повеќе постапки за нови вработувања,“, додаваат од дирекцијата и дополнувааат дека освен вработувања, ќе бидат потребни и ангажирања на лица за вршење на привремени работи со договор на дело, како и ангажирање на лица преку агенција за привремени вработувања .

Од Дирекцијата за ТИРЗ во делот на плати образложувањето се темели на систематизацијата на работните места, која предвидува реорганизација што треба да доведе до „зајакнување на работните задачи во делот на планирањето, подготовка и реализација на проекти, следење на договорите за државна помош, како и поефикасно управување со ресурсите“.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Политичка бура за државната каса: Дали Македонија се задолжува рекордно

06/09/2026
Македонија

Скопје повторно под чад: Ветерот го носи димот од пожарот

05/09/2026
Македонија

ЦУК со пресек за состојбата со пожарите: Осум активни жаришта,

05/09/2026
Македонија

Повеќе од 20 пожари низ Македонија, пожарникарите на терен –

05/09/2026
Македонија

Растот на БДП продолжува: Мицкоски очекува економијата годинава да порасне

05/09/2026
Македонија

Двајца вработени во „Национални шуми“ пријавени: Службени возила користеле за

05/09/2026
Македонија

16 возачи приведени во едно деноноќие, повеќето возеле без дозвола

05/09/2026
Македонија

Мицкоски: Западнонилската треска годинава е натпросечен предизвик во Европа

05/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45483
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Политичка бура за државната каса: Дали Македонија се задолжува рекордно или само враќа стари долгови?

06/09/2026

Најавата за ново финансирање од 1,3 милијарди евра предизвика жестока пресметка меѓу власта и опозицијата. Додека опозицискиот лидер Венко Филипче

Скопје повторно под чад: Ветерот го носи димот од пожарот кај Грачани

05/09/2026

Жителите на Скопје повторно можат да почувствуваат мирис на чад, откако ветерот над Скопска Црна Гора го насочи чадот од

ЦУК со пресек за состојбата со пожарите: Осум активни жаришта, пет се ставени под контрола

05/09/2026

Според последниот пресек на Центарот за управување со кризи (ЦУК) направен попладнево до 18:00 часот, противпожарните екипи ширум земјава се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy