
ЕВЕ КАКВА Е СОСТОЈБАТА НА ПАТНИЦИТЕ ОД СРПСКИОТ АВТОБУС КОЈ ИМАШЕ СТРАОТНА СООБРАЌАЈКА ВО ГРЦИЈА: Голем дел се пуштени дома, едно лице уште е во болница
Повредените српските патници кои беа во автобусот кој патуваше од Србија до Грција, а во кој удри автомобил, конечно се со своите семејства.
Како што информираат во групата „Грција инфо“, сите повредени биле пуштени вчеравечер да заминат дома. Во болницата во Солун има уште еден пациент на кој денес треба да му се извршат контролни прегледи, по што, во понеделник и тој ќе замине во својот дом.
„Почитувани пријатели, во текот на ноќта сите наши сограѓани кои беа повредени во несреќата се враќаат дома од болницата во Кукуш. Во Ипократио во Солун остана само уште еден пациент кој денес ги има последните прегледи и се очекува да биде пуштен во понеделник доколку се оди според очекувањата.
Така да даде Господ во понеделник ќе можеме да кажеме дека секој е со своите најблиски.
Искрено се надевам дека повеќе нема да објавувам постови од оваа содржина, туку повторно ќе читате од мене за непозната Грција и за јонските тиркизни бои.
Ве поздравувам сите од Солун, пишува член на групата кој потекнува од Србија а живее во Солун.
